Македонија
Матурска парада во Скопје со учесници од шест држави
На скопскиот плоштад Македонија денеска ќе се одржи манифестацијата „Матурска парада“, со учесници од државава и од Словенија, Србија, Словачка, Црна Гора и од Унгарија со педесетина града.
Од Дирекцијата за култура и уметност – Скопје информираат дека од нашата земја ќе учествуваат матурантите од градовите Скопје, Гевгелија, Охрид и Струга. Вкупната бројка на обучени матуранти во Скопје е 400, а во другите градови околу 1.500 матуранти.
Од Дирекцијата за култура и уметност – Скопје посочуваат дека во Скопје годинава ќе учествуваат средните училишта: „Васил Антевски-Дрен“, „Владо Тасевски“, „Михајло Пупин“, „Раде Јовчевски-Корчагин“, „Здравко Цветковски“, „Димитар Влахов“, „Арсени Јовков“, „Браќа Миладиновци“, „Кочо Рацин“, „Шаип Јусуф“, „Георги Димитров“, „Панче Караѓозов“, „Јосип Броз Тито“, МБУЦ „Илија Николовски-Луј“.
Организатор за нашата земја е Дирекцијата за култура и уметност на Скопје во соработка со Танцовиот спортски клуб „Ритам плус“, а покровител на манифестацијата во Скопје е Град Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Амбасадорот Рокас на претседателката Адеми ѝ го предаде Извештајот на ЕУ: Активностите на Врховниот суд се позитивно оценети
Амбасадорот на Европската Унија, Микалис Рокас, во Врховниот суд на Република Северна Македонија на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми ѝ го предаде новиот Извештај на Европската Комисија.
Во Извештајот се нотираат активностите на Врховниот суд за унапредувањето на судската практика и конзистентноста на судските одлуки, објавувањето на новата Збирка на судски одлуки, утврдувањето на начелните ставови и за одлуките на судот во однос на прашања од висок јавен интерес и заштитата на законитоста.
Во делот за независноста на судството Извештајот се осврнува и на постапката за разрешување на претседателката на Врховниот суд поведена поради јавните изјави за надворешните политички влијанија во работата на судот, која беше запрена.
Исто така, во Извештајот се нотираат деловничките измени за јавност на Општата седница и унапредувањето на транспарентноста и заложбите и активностите на Врховниот суд за заштитата на животната средина преку расправата за начелниот став како конкретен придонес во заштита на здравјето и спречувањето на загадувањето на воздухот.
Амбасадорот Рокас во своето обраќање пред судиите на Врховниот суд на Република Северна Македонија, ги образложи клучните констатации и препораки во Извештајот на Европската Комисија кои се однесуваат на владеењето на правото, осврнувајќи се при тоа на активностите на Врховниот суд.
Амбасадорот во таа насока ја истакна важноста на владеењето на правото и спроведувањето на потребните реформи, додавајќи дека од суштинско значење е посветеноста кон нивното спроведување.
Претседателката Адеми нагласи дека Извештајот на ЕУ има посебно значење за Врховниот суд поради искрената посветеност кон исполнувањето на европските стандарди.
„Извештајот на Европската Унија за нас преставува вистинска мотивација. Препораките за судството се пријателски совети. Посебно сум благодарна за позитивните оценки за Врховниот суд. Ќе продолжиме со исполнувањето на европските стандарди кои се на браникот на владеењето на правото“, истакна претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми.
Македонија
Нов ден, ново погазување на ветувањата: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја гради пругата кон Бугарија по истиот проект, вели СДСМ
„Секој ден ВМРО-ДПМНЕ си погазува по едно ветување и ретерира од своите позиции. Најновата вест е дека пругата кон Бугарија која беше слеп тунел, која не беше приоритет за Николоски и Мицкоски, која беше криминална и за кој требаше да се прави нова траса ќе се прави онака како што беше планирано претходно“, соопшти СДСМ.
„Нема никаква измена во планот за градба и ова е практично уште едно признание за работењето на Владата на СДСМ и стратешките проекти кои реализиравме за граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ освен што се фали со проектите на СДСМ и си ги погазува сите ветувања засега нема реализирано ништо значајно или ново за граѓаните.
Од историски криминал, коридорите на Бехтел и Енка станаа историски значајни проекти, слепите тунели прогледаа, а наводните криминални зделки сега се добри за ВМРО-ДПМНЕ.
Очигледно ВМРО-ДПМНЕ се што сакале е само да бидат СДСМ и да може да се пофалат дека нешто важно сработеле за земјата бидејќи засега немаат ниеден свој проекти ниту автентична политика“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Скопје
Дел од Аеродром утре без струја
Поради планирани прекини во електро снабдувањето утре, без електрична енергија ќе биде дел од Аеродром.
· Во период од 09:00 до 14:00 часот дел од корисниците во Управа за контраразузнавање, Тодор Александров и Славејко Арсов во општина Аеродром ќе немаат струја.