Контакт

Uncategorized

Лажна фотографија од експлозија во Пентагон стана вирална на „Твитер“

Објавено пред

Сомнителна слика, генерирана од вештачка интелигенција, која прикажува експлозија во близина на Пентагон, стана вирална на „Твитер“ денес и предизвика пад на пазарите, јавуваат американските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Десетици проверени сметки, вклучително и национални новински организации, ја споделија фотографијата што покажува црн чад што се издига од земјата до бела зграда.

Фотографијата, како што стои во објавите, изгледа толку реална што луѓето се избезумиле додека  циркулирала на платформата околу 10 часот по средноевропско време и предизвикала берзанскиот индекс на „Стандард и пурс 500“ кој ги следи перформансите на акциите на 500 најголеми компании котирани на берзите во САД, да падне за 10 поени во рок од пет минути кога сликата стана вирална.

Фотографијата се појави среде разговорите кои поттикнуваат страв од моќта на вештачката технологија во ширењето на дезинформации, особено во периодот до претседателските избори во 2024 година.

Заменик-офицерот за Пентагон изјави за медиумите: „Немаме никаков коментар освен да го потврдиме тоа како лажно“.

„Кобеиси летер“ кој на неделно ниво ги коментира глобалните пазари на капитал, твитна за фотографијата еден час откако стана вирална.

„Со тоа што повеќе извори на вести го пријавија како реално нешто, ’Стандард и пурс 500’ падна за 30 поени за неколку минути. Ова резултираше со промена на пазарната капа од 500 милијарди долари на лажна слика“, стои во твитот на „Кобеиси летер“.

Додека некои корисници на „Твитер“ ја обвинија напредната технологија за вештачка интелигенција за лажната фотографија, други посочија на сметките кои брзо ја ретвитуваа фотографијата без да ја испитаат нејзината автентичност.

Ник Вотерс, поранешен армиски персонал и новинар, објави на „Твитер“ како да се каже дека фотографијата е лажна.

„Уверени сме дека оваа фотографија која покажува ’експлозија во близина на Пентагон’ е генерирана со вештачка интелигенција“, објави Вотерс. „Проверете ја предната страна на зградата и начинот на кој оградата се топи во бариерите на толпата. Исто така, нема други слики, видеа или луѓе кои објавуваат како сведоци од прва рака“.

„Секогаш кога ќе се случи ваков настан, тоа ќе влијае на голем број луѓе. Дури и ако го оставиме настрана фактот дека оваа слика е јасно генерирана од вештачка интелигенција, веднаш е можно да се идентификува ова како лажна со геолокација и пребарување на социјалните мрежи“, стои во коментарите за фотографијата.

Валтер Блумберг, кој има повеќе од 653.000 следбеници, беше еден од првите што сподели твит за фотографијата. Тој напиша: „Голема експлозија во близина на комплексот Пентагон во Вашингтон. – Првичен извештај.

Рускиот канал на англиски јазик „РТ“, исто така, ја објави сликата на својот профил на „Твитер“, наведувајќи дека се случила експлозија, а подоцна го избриша твитот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе

Објавено пред

Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.

dobivaj vesti na viber

Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.

„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.

Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.

„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.

Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.

По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.

Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.

Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти

Објавено пред

Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.

dobivaj vesti na viber

Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.

Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар

Објавено пред

Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.

dobivaj vesti na viber

„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија6 часа

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија6 часа

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија10 часа

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет10 часа

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија11 часа

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет11 часа

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Свет12 часа

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет1 ден

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија1 ден

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија1 ден

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет1 ден

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија1 ден

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...

Македонија1 ден

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред...

Македонија1 ден

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија: „Ова е потврда за напредокот на државата“

Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат пратениците Иванка Василевска, Беким Ќоку...

Свет1 ден

Мишел го критикува Руте: Престани да бидеш американски агент и обедини го НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, треба да престане да биде „американски агент“ и да го обедини расцепканиот воен сојуз...

Топ2 дена

Кривична пријава за „проневера во службата“ против претседател на ловечко друштво од Струмица

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 41-годишниот Д.Р. од Струмица, поради постоење на основи на...

Свет2 дена

Стармер ја посети Кина, односите меѓу двете земји се зајакнуваат; Трамп: Она што го прават е многу опасно

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу опасно“ за Велика Британија да соработува со Кина, додека британскиот премиер Кир...

Свет2 дена

САД се закануваат со царини за увозниците на нафта за Куба: „Очекувам Куба наскоро да пропадне“

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нови царини за земјите што испорачуваат нафта на Куба, засилувајќи го притисокот врз...

Свет2 дена

Нова анкета: Довербата во Трамп опадна, поддршката губи и кај републиканците

Една година по неговиот втор мандат, ставовите на Американците за претседателот Доналд Трамп, кои и претходно беа повеќе негативни отколку...