Македонија
Спасовски за заканите за живот на градоначалникот на Арачиново: Не може граѓаните да бидат заложници на лични или политички интереси

Полицијата поднела пријави против сите лица што ја нарушиле безбедноста во Арачиново откога општинската администрација минатата недела извести дека Општината нема да работи оти градоначалникот Ридван Ибраими добил закани за животот.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денес апелира сите што имаат недоразбирања, лични или политички, да си ги разрешат и институциите да функционираат.
„Двапати имаме пријави во однос на вакви настани. Преземени се сите неопходни мерки за кои се поднесени сите соодветни пријави во однос на лицата што практично ја нарушуваат безбедноста. Апелирам овие недоразбирања што ги имаат од кои било причини, дали се лични и политички, ќе треба да се разрешат затоа што не смее граѓаните на Арачиново да бидат заложници на состојбите што ги има таму. Секако дека македонската полиција стои на располагање доколку има потреба да се осигури безбедност на кој било затоа што во државата не смее во ниту еден момент никој никого да го напаѓа ниту, пак, да претставува опасност за него, но ако има лични недоразбирања или какви било мотивации за таквите недоразбирања, да ги расчистуваат, а институциите да функционираат нормално во интерес на граѓаните“, рече министерот Спасовски на промоцијата на пилот-проектот „Дигитален толкувачки сервис за глуви и наглуви“.
Тој објасни дека ова не е прв конфликт во Општината, кој, според информациите на полицијата, се случил поради нерасчистени лични интереси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Комисијата утврди дискриминација врз професионалните војници – синдикатот бара итни законски измени

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди индиректна дискриминација врз професионалните војници од страна на Министерството за одбрана, информира Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје.
Претставката до Комисијата ја поднел Александар Насковски, претседател на синдикатот и професионален војник, на 12 ноември 2024 година. Според него, Министерството со години не го трансформира работниот однос на професионалните војници од определено на неопределено време, спротивно на член 46 од Законот за работни односи.
„Професионалните војници се единствената категорија вработени во државата кои работат и по 25 години со договори на определено време, често продолжувани и по седум или осум пати, без можност да остварат право на пензија“, изјави Насковски.
По долготрајна институционална игнорација, синдикатот на 3 јуни 2025 година достави предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата до Собранието и сите пратенички групи. Со предложените измени се предвидува конечно уредување на статусот на професионалните војници и спроведување на препораките од Комисијата.
Синдикатот очекува Министерството за одбрана и пратениците да постапат по препораките и да ја исправат, како што велат, децениската неправда, со што ќе се постигне и буџетска заштеда за институцијата.
Македонија
Ангелов на состанок во Берово: Планирање на акција за справување со пожарот над Русиново

Раководителот на Главниот штаб за управување со кризи и директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, синоќа присуствуваше на координативниот состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Берово, предводен од градоначалникот Звонко Пекевски.
На работниот состанок се анализираа извештаите за движењето и интензитетот на пожарот во планината над селото Русиново. Како главни предизвици беа посочени променливиот ветер, остатоците од стари пожари – шупливи дрвја кои при горење паѓаат по стрмнините – како и непристапниот терен, што значително го отежнува гаснењето.
Според соопштението од ДЗС, состанокот траел подолго поради разгледување на повеќе стратегии за утринска интервенција. Се планира комбинирана акција со теренски сили, механизација и ангажман на воздухоплови, чија активност ќе се координира од земја во согласност со конкретните дневни услови.
Ова е дел од континуираните напори за справување со активните пожари во источниот дел на земјата.
Македонија
Tри улици од Карпош ќе останат околу шест часа без струја

Без електрична енергија денес ќе останат корисниците од три улици во Карпош.
Во периодот од 08.15 до 13.30 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците Иван Цанкар – парни броеви, Франц Прешерн – непарни броеви и Вангел Дину. ( општина Карпош ), информира ЦУК по известување добиено од ЕВН.