Топ
Бегајќи од полиција, излетал од патот со полн автомобил мигранти: приведени двајца тетовци

Синоќа, на регионалниот пат Удово – Демир Капија, кај местото наречено раскрсница Удово, полицијата привела две лица, кои со автомобил превезувале десет лица мигранти од Сирија.
Според информациите, се работи за М. С. (22) од с. Желино, Тетовско, и А. Џ. (20) од Тетово. А. Џ. се сомничи дека со патничко возило „мерцедес“, со словачки национални ознаки, превезувал 10 лица мигранти од Сирија, а М. С. со патничко возило „мерцедес“, со тетовски регистарски ознаки, бил претходница на возилото на А. Џ..
Имено, околу 16.20 часот, на автопатот А1, кај клучката кај Смоквица, полициски службеници дале знак за запирање на возилото „мерцедес“, со словачки национални ознаки, но возачот не застанал и продолжил со движење. Набргу кај местото наречено раскрсница Миравци возачот изгубил контрола, излетал од коловозот, по што побегнал. Притоа во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија, кои биле смeстени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.
По преземените мерки, во 19.20 часот кај Удово лицата биле пронајдени и лишени од слобода, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Десетгодишно девојче од Македонија се удави во Италија

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во реката Пјаве, во близина на Тревизо.
Како што јавуваат италијанскитее медиуми, девојчето се капело заедно со нејзините браќа и сестри во реката. Околу 16 часот скокнало во вода, но не испливало на површината поради силната струја што го повлекла под водата и сосема го сокрила од видикот.
„На повик дојдоа околу 20 пожарникари од засебните единици на Монтебелуна и Тревизо, како и специјалисти за водни интервенции, нуркачи, дрон и хеликоптер од Венеција, како и припадници на карабињерите. Поради непредвидливата струја, спасувачките операции беа исклучително тешки. По околу два часа потрага, околу 18:30 часот нуркачи го пронајдоа телото на девојчето меѓу големи карпи на реката. Лекар од итната помош констатира смрт“, јавува „РАИ Њуз“.
Смртоносно давење во Пјава имаше и пред 11 дена, кога животот го загуби 21‑годишен маж со венецуелско потекло.
Регион
Полицијата во Белград ги отстрани блокадите: оштетено полициско возило, повеќе уапсени

Српското Министерство за внатрешни работи објави дека полицијата ги отстранила сите блокади на патиштата во Белград во текот на ноќта.
Министерството додаде дека сообраќајот во српската престолнина сега може да се одвива нормално. Тие тврдат дека полицијата дејствувала професионално. Повеќе лица се приведени за напад и навреда на полицијата и нарушување на јавниот ред.
Едно полициско возило е оштетено од учесниците во блокадата.
Во Белград, Нови Сад, Ниш и многу градови низ Србија, патиштата беа блокирани на неколку локации. Студентите повикаа на граѓанска непослушност кога осум нивни колеги беа уапсени.
Вишото јавно обвинителство ги обвини осумте студенти за наводно подготвување дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија и во врска со кривичното дело повикување на насилна промена на уставниот поредок.
Свет
(Видео) Маж намерно запалил пожар во Ајдахо, па убил двајца пожарникари: пронајден е мртов

Двајца пожарникари беа застрелани и убиени додека се бореа со шумски пожар во северниот дел на Ајдахо, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Кутенај. Пронајдено е тело на уште еден маж, а полицијата верува дека тоа е напаѓачот. Огнено оружје е пронајдено до телото.
Властите веруваат дека убиецот намерно го подметнал пожарот како дел од заседа, изјави шерифот Роберт Норис за новинарите. „Напаѓачот бил во густо населена област и бил добро подготвен и вклопен во околината“, рече тој.
Норис рече дека службениците на округот Кутенај нема да ги објават идентитетите на двајцата пожарникари кои загинаа во овој момент. „На нивните семејства ќе им биде потребна поддршка“, рече тој.
Тој истакна дека трет пожарникар од противпожарната служба „се бори за својот живот“.