Европа
Тинејџерка и мајка избодени пред ресторан, поранешното момче ги нападналo на Флорида
Матурантката од Флорида, Медисон Шемиц (17), била избодена со нож заедно со мајка си Џеки Роџ по вечерата пред ресторан.
Сторителот на ова злосторство е поранешното момче на ќерката, Спенсер Рос Пирсон.
Според полицијата, инцидентот се случил на паркингот на ресторанот на плажата Понте Ведра. Очевидци на настанот рекоа дека ги виделе мајката и ќерката како трчаат кон нивното возило за да избегаат од манијакот.
An 18-year-old boy, Spencer Pearson, has st@bb3d his 17-year-old ex-girlfriend, Madison Schemitz, 15 times and proceeded to sI!t his own thro@t afterwards
Schemitz had recently broken up with him, and he had thr3@tened her with violence over several months.
He also st@bb3d her… pic.twitter.com/xejTmRpfYB
— Instablog9ja (@instablog9ja) June 6, 2023
Роџ претходно побарала забрана за приближување од полицијата бидејќи Спенсер почнал да ја следи и малтретира Медисон.
„Пирсон ја избол поранешната девојка 15-ина пати, а кога мајка ѝ се обидела да интервенира, Пирсон ја избол во челото и ногата. Тој ранил и случаен минувач, кој притрчал да им помогне на мајката и ќерката“, соопшти полицијата.
Madison Schemitz and her mother, Jacki Roge, were hospitalized and are now recovering. https://t.co/QJKulNocvj
— Radar Online (@radar_online) June 7, 2023
Пирсон почнал сам да си го сече грлото, но бил запрен и хоспитализиран.
Шемиц е во критична состојба во болницата во Џексонвил и се вели дека има „долг пат до закрепнување“.
Тинејџерката има тешка повреда на ‘рбетниот мозок. „Таа е борец, продолжете молете се за неа“, вели мајката, која и самата чека операција поради раните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.