Спорт
(Видео) Македонија губи 3:0, Англија одигра моќно полувреме

Фудбалската репрезентација на Македонија има негатива од 3-0 по првото полувреме против Англија на „Олд Трафорд“. Во финишот од првиот дел погоди и Маркус Рашфорд.
Капитенот Стефан Ристовски лошо одигра повратна кон шеснаесетникот, топката ја одзеде Хари Кејн, го проигра Хендерсон, а тој му подготви чиста шанса на Маркус Рашфорд за 3-0.
MARCUS RASHFORD SCORES IN FRONT OF THE STRETFORD END!😍❤️ pic.twitter.com/BwD8N51uru
— 𝗧𝗲𝗻 𝗛𝗮𝗴’𝘀 𝗥𝗲𝗱𝘀 ✍🏼🇳🇱 (@TenHagBall_) June 19, 2023
Македонија ги чека тешки 45 минути во вториот дел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ливерпул подготвува втора понуда за Исак, Њукасл му нуди нов договор

Трансфер сагата број 1 во овој преоден рок е онаа околу Александар Исак. Најдобриот стрелец на Њукасл е на мета на Ливерпул, тој сака да се пресели на „Енфилд“, но Њукасл сака да го задржи.
Првата понуда од близу 130 милиони евра од Ливерпул беше одбиена. Од друга страна, Исак јасно и гласно им порача на челниците на Њукасл дека сака да го напушти клубот.
На „Сент Џејмс Парк“ веројатно би ја прифатиле понудата од Ливерпул доколку би имале опција плус во нападот. На пазарот Њукасл не може да најде напаѓач. Последен кој ја одби понудата од овој клуб е Бенјамин Шешко, претходно истото го напарви и Уго Екитике.
Се чини дека никој не е задоволен од оваа ситуација, но сè уште има време до крајот на преодниот рок. Ливерпул го сака Исак, тој самиот го сака Ливерпул. Сепак главниот збор го има Њукасл.
Приоритет за „Свраките“ е да го задржат Исак. Сепак, не е во ничиј интерес да задржи играч против негова волја, како што истакна самиот тренер Еди Хау.
– Тој е наш играч, под договор. Сакам најдобар можен исход, сакам најдобар и најсилен состав. Но, сакам и играчи во него кои сакаат да играат за овој клуб. Ќе видиме што ќе се случи – рече Хау.
Во Њукасл веруваат дека рецептот за да го здржат Исак е да му понудат нов договор, што подразбира значително зголемување на платата, но и вметнување минимална клаузула во случај на продажба.
Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN
Спорт
Манчестер јунајтед ќе платат 120 милиони за Балеба?

Претставници на Манчестер јунајтед вчера се сретнале со менаџерот на фудбалерот на Брајтон, Карлос Балеба.
„Тие разговараа за времетраењето на договорот и платата и сакаат сè да биде договорено пред да ја испратат понудата до Брајтон“, пишува Фабрицио Романо.
Младиот 21-годишен универзалец од средниот ред, пристигна во Брајтон пред две години за 27 милиони евра од Лил.
Медиумите на островот пишуваат дека Брајтон е подготвен да го продаде само за 120 милиони евра. Доколку трансферот биде реалиизран за оваа сума, Јунајтед ќе го сруши клупскиот трансфер рекорд.
Балеба не беше вклучен во составот на Брајтон за пријателскиот натпревар со Волфсбург вчера, што според медиумите е знак дека преговорите меѓу двете страни се во напредна фаза.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Гвардиола ги откри своите омилени играчи во НБА: Дончиќ и уште двајца
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, откри кои се неговите омилени НБА играчи откако Мајкл Џордан се пензионираше.
Пеп Гвардиола е фудбалска икона, но дефинитивно не е ограничен само на еден спорт. Како што честопати споменуваше во минатото, обожава да гледа кошарка.
На прес-конференција во Палермо, Шпанецот рече дека кошарката е „огромен дел од неговиот живот“.
Гвардиола му честиташе на Џо Мазула, неговиот пријател, за продолжувањето на договорот со Бостон Селтикс, а како што објави Марк Штајн, Гвардиола беше замолен да каже кои се неговите моментални омилени играчи во НБА.
„Моите омилени играчи во ерата по Џордан се Стеф Кари, Лука Дончиќ и Леброн Џејмс“, рече Гвардиола.
Фото/ Принтскрин