Црна хроника
Црквите и муслиманските гробишта во Струшко мети на крадци и хулигани
Непознати сторители извршиле кражби во две цркви во соседните струшки села Локов и Буринец, а исто така во недела рано наутро уништиле дел од муслиманските гробишта во Струга при што се скршени неколку канделабри, но не е уништен ниту еден гроб, соопштија од МВР
Според информации на струшката полиција, од црквата „Свети Спас“ во планинското село Буринец крадците однеле две илјади денари, колку што во тој момент имало во објектот. Арамиите влегле насила со кршење на бравата од металната врата, додека од црквата „Света Богородица Пречиста“ во Локов влегле со кршење на бравата од дрвената врата на објектот од каде однеле една икона.Од Министерството за внатрешни работи велат дека се ангажирани на расветлување на случајот и евентуалното пронаоѓање на крадците за кои се претпоставува дека се дел од организирана група. Испитувањето на терен одело тешко поради оддалеченоста на двете села сместени во планината Јабланица. Полицијата пред два месеца откри добро организирана група од Албанија која долго време вршела кражби на икони и други вредни предмети од црквите во Струга од кои беа однесени повеќе од 80 вредни икони од 18 и 19 век.„Ова е седми пат за само неколку месеци како муслиманските гробишта во градот се мета на вандалски чин. Откако почнавме да ги уредуваме гробиштата, досега се украдени повеќе и од сто елки кои овде ги насадивме, а во последно време почнаа да ги кршат во раните утрински часови и светилките кои светат ноќе“, велат од Иницијативниот одбор кој се грижи за уредување на струшките гробишта.МВР го потврди настанот и соопшти дека се работи на расветлување на случајот. Неколку лица кои би можеле да помогнат во пронаоѓање на сторителите, се повикани на информативен разговор. Според полицијата, интензивно се бараат и лицата сторители на претходните инциденти.Во септември минатата година беше оргабена црквата „Свети Никола“ во Вевчани која од беа украдени четири икони, два метални крста, како и три примероци на Евангелието, еден сребрен Путир и други поситни предмети. Станува збор за една икона од свети Јован Крстител од 18-ти век, една руска икона од 19-ти век и една икона со ликот на Пресвета Богородица.Претходно истот месец, непознати сторители извршија грабеж во уште три цркви во села од струшкиот атар, притоа одземајќи вредни стари икони. Ограбени беа двете цркви во селото Јабланица и една црква во селото Безево. Од црквите „Света Богородица“ и „Свети Мартинија“ во Јабланица се украдени седум и пет икони, додека од црквата „Свети Великомаченик Димитрија“ од Безево, пет икони. Провалниците тогаш украле и помала сума пари.Меѓу украдените икони се наоѓа и особено вредната што ја изработил познатиот зограф Дичо околу 1824 г.Претходно во периодот меѓу 30-ти и 5-ти септември 2009 г. во Струшко беа ограбени и црквите „Свети Архангел Михаил“ во Ташмаруништа и црквата „Света Богородица“ во селото Долна Белица. На 6-ти септември во „Свети Архангел Михаил“ во Ташмаруништа беше откриено дека се украдени девет икони и две позлатени царски двери. Извори од Министерството за внатрешни работи велат дека се преземаат опсежни мерки за откривање на ограбувачите на црквите. Најверојатно иконите се’ уште се наоѓаат во државата, засега нема потврда дека некои од овие вредни историски дела и предмети се пронајдени во полициската акција „Фаланга“ во која беше откриен синџир за илегална трговија со артефакти и уметнички предмети, за што во притвор се 23 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

