Европа
На Европската Унија ѝ недостига лидерство за зајакнување на одбраната, Берлин и Париз се пасивни, стои во извештајот од минхенската безбедносна конференција

Недостиг на политичко лидерство во земји како Германија и Франција и тесните индустриски интереси ја спречуваат Европа да ја зајакне својата одбранбена индустрија, факт што беше нагласен со војната на Русија против Украина, се предупредува во извештајот од минхенската безбедносна конференција.
Клучниот недостиг во капацитетите на европската одбрана сè уште е политичкото лидерство, се вели во минхенскиот безбедносен извештај за европската одбрана. Годишната минхенска безбедносна конференција, која вообичаено се одржува во февруари, е влијателен глобален собир на врвни политичари и аналитичари за да разговараат за одбранбените и безбедносните предизвици.
Во извештајот се вели дека Германија и Франција биле пасивни кога претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и највисокиот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел, извршиле притисок за поддршка од ЕУ за Киев.
„За време на владата на канцеларот Олаф Шолц, Германија постојано беше критикувана за нејзиното отсуство во прашањата за одбраната на ЕУ, а Франција се смета за земја што следи тесни индустриски, а не колективни европски интереси“, се наведува во извештајот.
Првичната неодлучност на Германија и Франција да испорачаат оружје на Украина предизвика трајна штета на нивниот кредибилитет во Источна Европа и заедничките одбранбени иницијативи. Германија и Франција имаат одговорност да ја вратат довербата, се посочува во извештајот и се додава дека времето е од суштинско значење за зајакнување на одбранбената соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.
Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Балон на топол воздух се урна во Холандија: еден загинат, петмина повредени

Едно лице загина, а петмина се повредени кога балон на топол воздух се урна на ливада во северната холандска покраина Фрисланд доцна синоќа, соопштија локалните власти. Балонот превезувал 34 патници.
„Балонот на топол воздух одеднаш падна околу 21 часот и силно удри на земјата“, соопштија властите на Фрисланд додавајќи дека полицијата почнала истрага за несреќата.
Портпаролот на Кралското холандско воздухопловно здружение изјави за локалните медиуми дека ненадеен налет на ветер предизвикал балонот силно да удри на земјата предизвикувајќи корпата да отскокне и исфрлајќи пет лица од него.