Uncategorized
Со „ауди“ превезувал мигранти, приведен шверцер од Богданци

Маж од Богданци со „ауди“ превезувал мигранти.
Имено, вчера, околу 18.10 часот, во близина на Богданци, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Стар Дојран лишен од слобода е П. Г. (49) од Богданци.
Како што соопшти полицијата, тој бил уапсен поради основано сомнение дека со патничко моторно возило „ауди A4“, со гевгелиски регистарски ознаки, превезувал осум лица мигранти од Сирија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
(Видео) Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ оди на сигурна победа на локалните избори и работи за добро на граѓаните

Вчера вечер ИК на ВМРО-ДПМНЕ одржа редовна седница на која се дискутираше за состојбата во државата и растот на економијата која се случува како плод на силната посветеност на Владата, а на која се разгледаа и избраа неколку кандидати за градоначалници, извести Ѓорѓија Сајкоски, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
„Промените кои се случуваат на централно ниво и силната работа која е очигледна мора да продолжи и на локално ниво, до секое едно маало.
ИК на ВМРО-ДПМНЕ ги избра следните кандидати за градоначалници:
Сопиште – Јане Мицевски
Кичево – Александар Јовановски
Крива Паланка – Оливер Алексовски
Маврово Ростуше – Онер Јакуповски
Кривогаштани – Сашо Граорковски
Шуто Оризари – Ерџан Демир
Крушево- Нико Чонески
Валандово – Ѓоко Камчев
Виница – Митко Костадиновски
Демир Хисар- Никола Најдовски
Чешиново-Облешево – Јордан Костадинов
Радовиш – Љупчо Почивалец
Чашка – Дејан Андоновски
Прилеп – Дејан Проданоски
Струмица -Петар Јанков
Неготино- Марија Нацева
Во Куманово и Центар ќе се поддржат кандидатите кои ќе бидат предложни од коалициската партија ЗНАМ.
Убедени сме во способноста на секој еден избран кандидат. Тоа се луѓе кои се докажани во своите области и сектори на работа.
Секој еден кандидат е почитуван како индивидуа во населеното место од кое доаѓа, и важат за искрени, чесни и работливи луѓе. Луѓе кои си го одржуваат дадениот збор, и кои ќе бидат вистински татковци на градот.
Изминатава година граѓаните ги почувствуваа придобивките од новиот пристап на работата. Се помогнаа општините со 250 милиони евра, со кои се решија децениски проблеми со кои се соочуваа нашите граѓани. И тука не запираме, продолжуваме и повторно со нови проекти.
Кандидатите за градоначалници имаат навистина одлична можност, да го продолжат вистинскиот пат кој ние го започнавме и го водиме овие 4 години како локална и 1 година како централна власт.
ИК на ВМРО-ДПМНЕ врз база на внатрепартиски анализи и сондажи заклучи дека партијата оди на уште една историска победа на претстојните локални избори. На претстојните избори не очекува голема победа, а потоа многу работа и посветеност за секое место“, изјави Сајкоски.
Uncategorized
Во обилните дождови во Пакистан загинаа над 300 луѓе

Пакистански спасувачи на северот од земјата денеска вадат затрупани тела од урнатини, кал и буици, каде што невообичаено интензивен монсунски дожд за само 48 часа предизвика смрт на над 320 лица.
Во текот на изминатите два дена, смртоносни поројни дождови погодија неколку области на планинската северна покраина Хајбер-Пахтунхва, каде што се регистрирани 307 смртни случаи, половина од сите смртни случаи оваа сезона на монсуни, покажуваат податоците на Управата за управување со катастрофи.
Повеќето од жртвите беа однесени од поројните поплави и починаа кога нивните куќи се урнаа, од електричен удар или удари од гром.
Во оваа покраина што граничи со Авганистан и каде што сè уште има обилен дожд, повеќе од 2.000 спасувачи работат на пронаоѓање преживеани или извлекување на тела закопани под урнатините, изјави денеска Билал Ахмад Фаизи, портпарол на службата за спасување на покраината, пренесен од француските медиуми.
-Обилните дождови, лизгањето на земјиштето и блокираните патишта го отежнуваат пристапот на амбулантните возила, а спасувачите се движат пешки, додаде тој.
Uncategorized
(Фото) По разводот, Ана Ивановиќ не може да ја симне насмевката од лицето, се јави од Мајорка

Српската тенисерка Ана Ивановиќ овие денови максимално го ужива летото судејќи според нејзините објави на „Инстаграм“.
Таа објави неколку фотографии на социјалните мрежи. Позира на плажа и во еден бар, облечена во кафеав фустан од Poupette St Barth со шапка од Hermès и очила за сонце Celine.
Пред тоа таа се пофали и со фотографии од плажа покажувајќи како се сонча и излегува со пријателите, но и дека не ја заборавила својата најголема љубов – тенисот. На сите фотографии во последно време Ивановиќ не симнува насмевка од лицето.
View this post on Instagram
Адвокатот на Ана Ивановиќ, Кристијан Шерц, потврди во изјава за германскиот весник „Билд“ кон крајот на минатиот месец дека поранешната српска тенисерка и светскиот шампион во фудбал, Бастијан Швајнштајгер, се разделиле. Во писмото, кое го доби и германската новинска агенција ДПА, се наведува дека раскинувањето се должи на непомирливи разлики“.
фото: принтскрин