Црна хроника
Адвокат и нотар вмешани во измама во Тетово поради изготвување лажен купопродажен договор за патничко возило
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М. (50) од Тетово, поради постоење основано сомнение дека сторил четири кривични дела, и тоа: „фалсификување исправа“, „употреба на исправа со невистинита содржина“, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злоупотреба на лични податоци“, Х.И.(44) од с.Голема Речица, поради постоење основано сомнение дека сторил три кривични дела, и тоа: „измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и помагање во врска со кривично дело „фалсификување исправа“, К.А.(36) од с.Голема Речица поради постоење основано сомнение дека сторил две кривични дела и тоа: „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ и Н.Т.(43) од Тетово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“.
Имено, првопријавениот А.М., во својство на адвокат и третопријавениот К.А. на 17.05.2023 направиле лажен купопродажен договор за патничко возило како да е склучен помеѓу едно лице од с.Требош – како продавач и пријавениот К.А. и уште едно лице – како купувачи. При изготвување на договорот А.М. изготвил и Изјава на име на Х.И., а потоа истата ја заверил кај нотар.
Потоа, Н.Т. во својство на нотар направил препис на Договорот, но наведените податоци не се совпаѓале со податоците кои биле наведени во штембилот, а потоа и препис на документ кој не бил оригинал, бидејќи купопродажен договор не постоел, со што со извршениот препис, купопродажниот Договор станал валиден, додека третопријавениот К.А. направениот препис го употребил на технички преглед и патничкото возило „голф 5“ го префрлил на свое име, а потоа го продал на друго лице. Исто така, второпријавениот Х.И., сакајќи да го продаде возилото, го зел од Н.И., а по неколку денови Х.И., му го дал на А.М. возилото со клуч и сообраќајна дозвола на име на Н.И., по што истиот направил лажен договор и возилото му го продал на третопријавениот К.А.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдена дрога во тетовско, уапсени две лица
Вчера во 23:30 часот во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишија од слобода Б.А.(20) и Ф.А(20) двајцата од с.Боговиње.
При преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсени двајца малолетници од Скопје, не застанале на полициска патрола, со мотоцикл удриле полицаец
Ноќеска во 00:45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода и приведоа двајца 16-годишници од Скопје.
При вршење службени дејствија, околу 00:10 часот на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, полициски службеници забележале мотоцикл без регистарски ознаки, кој го управувал еден од малолетниците, но тој не застанал на знак за запирање, по што со мотоциклот удрил во еден полициски службеник и му нанел повреди.
Набргу, по преземени мерки мотоциклот е запрен и тие се фатени, при што малолетниот сопатник агресивно се однесувал кон полициските службеници.
По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Топ
Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница
Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне.
Како што било пријавено во ОВР Дебар околу 11:35 часот од Итната медицинска помош, 40-годишниот С.К. од Дебар починал на пат кон болницата во градот. Според информациите, околу 11:15 часот тој паднал од зграда во изградба на улицата „Братство единство“ во Дебар, каде што бил ангажиран на работа.
По несреќата, повредениот бил пренесуван кон болницата, но им подлегнал на повредите за време на транспортот.
На местото на настанот излегле трудов инспектор и јавен обвинител, а по нивна наредба телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид на локацијата извршила екипа од ОВР Дебар.

