Спорт
Почина Луис Суарез (88), првиот Шпанец кој ја освоил Златната топка

Легендарниот шпански фудбалер Луис Суарез почина на 89.годишна возраст по кратко и тешко боледување.
Суарез ќе остане запаметен како врвен напаѓач кој во својата кариера играше за Депортиво Индустриал, Барселона, Интер и Сампдорија.
Најголем белег остави во Барселона и Интер. Тој помина шест години во Каталонија и девет во Милано. Двапати беше шампион на Шпанија, а со Интер трипати шампион на Италија и двапати шампион на Европа.
За шпанската репрезентација играше 15 години, од 1957 до 1972 година. На 32 натпревари постигна 14 гола.
Тој е првиот Шпанец кој ја освоил Златната топка, тоа се случи во 1960 година.
Откако се ензионираше, тој започна тренерска кариера која траеше повеќе од 20 години. Три години го предводеше шпанскиот национален тим, а во три мандати беше тренер на Интер.
A unique talent and an Inter great.
Grande Inter's number 10 who took our colours to the top of Italy, Europe and the World."If you don't know what to do, give the ball to Suarez."
Ciao, Luisito#FCIM pic.twitter.com/yXVzZCpTW3— Inter (@Inter_en) July 9, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Атлетико без најдобриот играч отпатува во Ливерпул

Ливерпул, утре, ќе го пречека Атлетико Мадрид во еден од најпривлечните натпревари во првото коло, во Лигата на шампионите.
„Јорганџиите“ ќе бидат хендикепирани на „Енфилд“, тренерот Диего Чоло Сименоне нема да може да смета на првиот напаѓач, Хулијан Алварез.
За време на викендот против Виљареал, Аргентинецот почувствува непријатност во коленото, беше заменет, а по лекарските прегледи беше одлучено да се одмори и да го прескокне дуелот со шампионите на Англија.
Во негово отсуство, нападот на Атлетико ќе го предводат Антоан Гризман и Александар Серлот.
Атлетико објави дека Тијаго Алмада, Алекс Баена и Хозе Марија Хименез ќе го пропуштат натпреварот со Ливерпул.
Натпреварот во Ливерпул ќе започне во 21:00 часот.
Спорт
Седумте величенствени на Карло Анчелоти

Селекторот на Бразил Карло Анчелоти (66) ги избра најдобрите играчи што ги тренирал во својата богата тренерска кариера. Италијанецот избра седум играчи.
Заедно со Модриќ, Анчелоти ги додаде и Бразилците Роналдо Назарио и Кака, кои ги тренираше во Милан, Дидие Дрогба од Брегот на Слоновата Коска, со кого работеше во Челзи, и ѕвездите на Реал Лука Модриќ, Винисиус Жуниор, Тони Крос и Кристијано Роналдо.
Карло Анчелоти е еден од најуспешните и најпочитуваните фудбалски тренери на сите времиња. Неговата тренерска кариера започна во средината на 1990-тите, а преку долгогодишна работа тој ги водеше врвните клубови низ Европа и освои импресивен број трофеи.
Откако ја заврши фудбалската кариера, тој започна како помошник тренер на италијанската репрезентација под водство на Ариго Саки на Светското првенство во 1994 година.
Во раната фаза на самостојната тренерска кариера ги тренираше Реџана, Парма и Јувентус помеѓу 1995 и 2001 година. Кариерата во нагорна линија започна да му се движи кога стана тренер на Милан (2001 – 2009), освои голем број големи трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите.
Тој ги водеше германскиот Баерн Минхен, англискиот Челзи (ја освои Премиер лигата и ФА Купот), францускиот Пари Сен Жермен (шампион на Лига 1) и шпанскиот Реал Мадрид, каде што постави рекорди по бројот на освоени трофеи и Лигата на шампионите.
По Реал Мадрид, тој ги тренираше Наполи и Евертон, се врати во Реал, а од јуни 2024 година е селектор тренер на Бразил.
Вкупно, тој освои пет Лиги на шампиони, што е рекорд за тренер. Тој освои лиги во сите пет најдобри европски првенства (Италија, Англија, Франција, Германија, Шпанија).
Три пати го освои Светското клупско првенство на ФИФА. Има пет Суперкупови на УЕФА.
Вкупно, тој освои 15 трофеи со Реал Мадрид, што го прави најтрофеен тренер во историјата на клубот.
Foto/ EPA
Спорт
Аморим доби поддршка од челниците на Манчестер јунајтед

Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, вети дека нема да ја менува својата фудбалска филозофија, а клупските челници не планираат да го сменат тренерот, објавија британските медиуми.
„Клубот од Олд Трафорд има долгорочен план и иако постои незадоволство од моменталните резултати, нема да има ненадејни реакции или по секој натпревар да се преиспитува иднината на тренерот, без разлика колку е гласна бучавата однадвор“, објави „Скај Спортс“.
Откако легендарниот Сер Алекс Фергусон го напушти Јунајтед пред 12 години, клубот имаше осум тренери и двајца привремени тренери.
„На Аморим му е потребен добар настап и резултат во претстојниот натпревар против Челзи за време на викендот, во спротивно повиците за негово отпуштање само ќе растат“, пишува „Скај Спортс“.
Во недела на „Етихад“, Јунајтед го загуби дербито на Манчестер против Сити со 0:3.
Со четири бода од првите четири натпревари, Јунајтед го има најлошиот старт во Премиер лигата од сезоната 1992/1993. Тимот беше елиминиран и од Лига купот, со сензационалниот пораз од тимот од четвртата лига Гримсби на пенали.
Минатата сезона, Јунајтед освои најмалку бодови во својата историја во Премиер лигата (42).
Foto/ EPA