Црна хроника
Скопјанец пронајден починат во Центарот „Чичино село“

Скопјанец починат бил пронајден синоќа во Центарот за бездомни лица „Чичино село“.
Според информациите, починатиот З.С. (63) бил згрижен во Центарот.
„На 11.07.2023 во 20.28 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Центар за бездомни лица „Чичино село“ бил пронајден починат З.С.(63) од Скопје, згрижен во Центарот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје“ соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Во прилепско село пронајдена граната од Прва светска војна

Во прилепското село Штавица е пронајдена граната од Првата светска војна.
На 27.03.2025 во 13 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во прилепското село Штавица е пронајдена граната од Првата светска војна.
Како што информира МВР, гранатата е безбедно подигната од страна на вработен во Дирекцијата за заштита и спасување.
Црна хроника
Претреси во Скопје, пронајдена дрога, одреден притвор за три лица

Вчера од страна на полициски службеници од СВР Скопје, на подрачје на општина Бутел, по претходно обезбедени докази за недозволена трговија со наркотична дрога марихуана, преземени се истражни дејствија и извршени се претреси на дом и други простории кај лицата:
И.Ј. (26), А.Ј. (21) и Д.Ѓ. (21) тројцата од Скопје.
При претресите се пронајдени и обезбедени недозволени предмети по член и во врска со чл. 215 од КЗ, при што истите се лишени од слобода и против нив од страна на ЕНТ СВР Скопје е поднесена кривична пријава по итна постапка до ОЈО Скопје. Тие се изведени пред судија на претходна постапка, од чија страна на сите тројца пријавени им е одредена мерка притвор од 30 дена.
Црна хроника
Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците

Денеска полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа и извршија службен разговор со Л.М. од Скопје, затоа што со патничко возило “ауди” со скопски регистарски таблички на 28.03.2025 се движел по тротоар и по зелена површина на бул. “Гоце Делчев” на Бит Пазар во Скопје и со тоа ја загрозил безбедноста на пешаците.
Снимка од настанот беше споделена и на социјалните мрежи.
Против Л.М. се поднесени соодветни поднесоци.