Црна хроника
Приведен скопјанец по распишана централна потерница

На 17.7.2023, околу 23 часот, на булеварот Македонско-косовска бригада во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – отсек потраги, во координација со полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари го привеле Ќ. Д. (36) од Скопје.
Тој бил баран по распишана централна потерница врз основа на наредба од Основниот кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“ за издржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Син ја убил мајка си во Штип

Утрово во 04.15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.З.(54) од Штип.
Тој се сомничи дека околу 02.00 часот во семејниот дом во Штип со остар предмет и нанел убодна рана на неговата 84-годишна мајка, по што таа починала.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.
Увид на лице место извршила екипа од СВР Штип под раководство на јавен обвинител од ОЈО Штип, при што остриот предмет бил пронајден и одземен за понатамошна постапка.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка по член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, соопшти полицијата.
Црна хроника
Предизвикал пожар: уапсен охриѓанец

Вчера во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода З.Н.(41) од Охрид, кој се сомничи дека во атар на селото Горно Лакочереј, охридско, предизвикал пожар на поле со нискостеблеста вегетација и ожнеана нива.
При преземени мерки и извршен преглед, полициските службеници кај него, пронашле запалка која била одземена за натамошна постапка.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Тројца насилници со боксови нападнале полицајци во Скопје

Тројца насилници со боксови нападнале полицајци во Скопје кои извршувале службени работи по дојава дека има вооружени лица со автоматски пушки.
Според информациите од Обвинителството, тројцата напаѓачи, заедно со уште едно дете против кое ќе се води соодветна постапка согласно Законот за правда за децата, на 5 август во вечерните часови, на улицата “Босна и Херцеговина” нападнале тројца полициски службеници.
Полицајците постапувале по дојава дека на наведената локација има вооружени лица со автоматски пушки. Се обиделе да ги легитимираат осомничените, но тие одбиле и физички ги нападнале полицајците, удирајќи ги со боксови. Полициските службеници успеале да ги совладаат и ги привеле.
Јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности, предложи на осомничените да им бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.