Свет
Си-ен-ен: „Вагнеровци“ видени првпат по бунтот

Првиот конвој на силите на „Вагнер“ пристигнал во претходно напуштената воена база во Белорусија, покажа анализата на Си-ен-ен на сателитски снимки и видеа на социјалните мрежи.
Сателитските снимки од „Планет лабс“ го покажуваат првиот конвој, кој пристигнува во белоруската воена база, која со години е празна, вчера нешто по 11 часот по локално време. Конвојот се протега по целиот пат од базата до излезот на автопатот. Помалку од еден час подоцна новата сателитска снимка од „Ербас“ го покажува целиот конвој паркиран во базата.
Си-ен-ен потврди дека возилата им припаѓаат на силите на „Вагнер“ бидејќи неколку возила на сателитската снимка на „Ербас“ се совпаѓаат со оние што се гледаат на видеото објавено на социјалните мрежи, на кое се гледа конвојот, со знамиња на „Вагнер“, запрен покрај автопатот.
Конвојот што се гледа на видеото вклучува многубројни камиони, големи платформи со булдожери, камиони за ѓубре и комбиња, како и десетици цивилни камиони и автомобили. Си-ен-ен идентификува вкупно 115 нови возила во базата, кои не беа видени на претходните сателитски снимки.
Ова е првпат да се видат силите на „Вагнер“ по нивниот неуспешен обид за државен удар во јуни, пишува Си-ен-ен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Хрватска го враќа задолжителниот воен рок

Хрватската влада денеска до тамошниот законодавен дом го испрати предлогот за измени на Законот за одбрана и Законот за служба во вооружените сили, со кои, меѓу другото, повторно се воведува задолжително основно воено оспособување.
Во образложението, премиерот Андреј Пленковиќ посочи дека Владата смета дека овие документи се неопходни, имајќи ги предвид значително променетите глобални безбедносни околности.
Тој потсети дека Хрватска од 2008 година има суспендирана одлука за задолжителна воена служба и дека со овие измени ќе се создадат предуслови младите генерации да стекнат потребни вештини, што ќе ја зајакне силата на Хрватската војска.
Фото: ЕПА
Свет
ЕУ објави 2,3 милијарди евра помош за обнова на Украина

Европската комисија денес објави 2,3 милијарди евра поддршка за Украина за да ѝ помогне да се обнови од штетите предизвикани од руската инвазија. Средствата вклучуваат 1,8 милијарда евра гаранции за кредити и 580 милиони евра грантови од меѓународни и билатерални јавни финансиски институции, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на конференција во Рим за плановите за обнова на Украина.
Вкупниот износ од 2,3 милијарди евра е дел од инвестициската рамка за Украина. Фон дер Лајен рече дека се очекува рамката да мобилизира до 10 милијарди евра инвестиции во Украина.
Шефицата на ЕК исто така најави формирање нов фонд за обнова на Украина, поддржан од Европската инвестициска банка, Франција, Германија, Италија и од Полска. Со почетен капитал од 220 милиони евра фондот има цел да мобилизира 500 милиони евра до 2026 година, соопшти Комисијата.
Свет
Заменик-рускиот министер: Администрацијата на Трамп е контрадикторна

Заменик-министерот за надворешни работи, Сергеј Рјабков, денес изјави дека контрадикторните постапки и зборови на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја отежнуваат работата, иако Москва е посветена на подобрување на односите со Вашингтон.
„Администрацијата на Трамп е многу контрадикторна во своите постапки и изјави. Ова не ја олеснува работата“, изјави Сергеј Рјабков, цитиран од државната новинска агенција ТАСС.
„Сепак, ние упорно и доследно го следиме правецот кон нормализација на нашите односи“, додаде тој.
Рјабков рече дека Русија знае како да се спротивстави на какви било можни дополнителни санкции од Вашингтон, објави новинската агенција „Интерфакс“.
„Знаеме како да се спротивставиме на санкциите. Можеме да видиме дека развивме алатки и шеми во последните години. Ова во голема мера задоволува одредени мерки преку замена“, рече Рјабков.