Свет
Жените ќе бидат мнозинство во новата холандска влада

Кога Мариел Пол ќе положи заклетва како министер за основно и средно образование, холандската влада првпат ќе има повеќе жени од мажи. Ова ќе ја смести Холандија во мала група земји, каде што жените сочинуваат поголем дел од владата, пишува „НЛ тајмс“.
„Секогаш постои ризик ваквата речиси еднаква распределба меѓу мажите и жените да не потрае. Но, тоа сега не се случува“, вели Девика Партиман од организацијата „Гласајте за жена“.
Од групата Women INC велат дека одлуката да има повеќе женски членови во владата ќе има два ефекта.
„Пред сѐ, тие се пример за другите. Девојките и младите жени би можеле да мислат дека и тие би можеле да се занимаваат со тоа. Второ, жените како членови на владата почесто носат одлуки што промовираат родова еднаквост“, објави оваа група.
И покрај достигнувањата на ниво на централна влада, жените сѐ уште се недоволно застапени на другите нивоа на холандската политика.
Околу 35 отсто од членовите на градскиот совет се жени, а по изборите за Покраинскиот совет, тоа тело сега има најмал број женски заменици во последните 12 години. Покраинските влади во Зеланд и Флеволанд се составени исклучиво од мажи.
Според податоците на Обединетите нации, во просек помалку од една четвртина од владините министри во светот се жени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Темпирана бомба е пат во Грција изграден врз поток – „Стравуваме секојпат кога паѓа дожд“

Науса на Парос, скапоцен камен на островите Киклади и една од најпосетуваните туристички дестинации во Грција, се обидува да заздрави откако силно невреме го погоди островот во понеделникот попладне.
Интензивниот дожд за неколку минути ги претвори улиците во порои, додека штетите на имотите и инфраструктурните објекти предизвикаа загриженост кај локалното население и претприемачите, кои гледаат како се приближува Велигден и незапирливо истекува времето.
Катастрофата беше широко распространета, што резултираше со поплавени домови и продавници, одрони од кал на улиците, соборени дрвја и превртени возила – од кои некои дури завршија во морето. Прекрасното пристаниште Науса, кое ќе биде домаќин на илјадници посетители во наредните недели, се претвори во огромна јама од кал.
Најголемиот проблем е концентриран на едно единствено место: една единствена улица што води до пристаништето. Станува збор за улица која според мештаните била изградена на стар поток – природен порој кој со текот на времето се пополнувал и асфалтирал, но без предвид за правилно одведување на водата. Резултат? Секој силен дожд го претвора ова место во стапица, заробувајќи возила и луѓе.
„Не може секогаш кога врне да се плашиме да не се удавиме. Таму е потокот, само го покривме со асфалт. Некој треба сериозно да го разгледа ова пред да ги загубиме животите“, изјавува револтиран локален жител.
Проблемот, познат со децении, останува нерешен. Еднонасочниот сообраќај на таа улица, заедно со немањето алтернативен пристап до Науса, ја влошуваат состојбата. И покрај постојаните барања на жителите за решение, не е направен суштински план за заштита на просторот од вакви појави.
Харис Гиурцидес, одговорен за цивилната заштита на општина Парос, за „Прототема“ изјави дека се преземени сите неопходни мерки за предупредување на граѓаните.
„Испративме известувања за возилат паркирани на патот кон пристаништето, за жал, многумина не ги следеа, па возилата беа поплавени“, посочува тој.
Сепак, сликата што ја пренесуваат мештаните е поинаква и открива недостаток на реална информираност и превенција.
„Не може секојпат одговорноста да падне врз граѓаните, општината мора да преземе реални мерки и да не спроведува само половични чекори“, велат тие.
Од вторникот во раните утрински часови, екипи на општината со машини почнаа со реконструктивните работи, со цел чистење на улиците, отстранување на калта и наталожените материјали и што поскоро враќање на пристапот до пристаништето. Бизнисите во областа, рестораните и туристичките работници, исто така, прават паралелни напори за да ја вратат Науса „во функција“ до Велигден.
Оваа природна катастрофа на најтешкиот начин потсети дека туристичките дестинации треба да го спојат развојот со основната безбедност на нивната инфраструктура. Сега се повикани општинските власти да се соочат со проблемот и да преземат реални мерки за заштитата од поплави. Случајот со улицата што минува низ прекрасното пристаниште Науса веќе не може да се игнорира: целата област е изложена на опасност и постоењето на единствената улица, изградена на затрупан поток, претставува „темпирана бомба“.
На жителите на овој прекрасен приморски град им поминува само една мисла: Замислете што ќе се случеше доколку оваа природна катастрофа се случеше за време на велигденскиот викенд, со илјадници посетители на островот? Кој би управувал со хаосот тогаш?
Регион
Вучиќ: Светските лидери тајно разговараат со Путин

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека некои светски лидери тајно се во контакт со рускиот претседател Владимир Путин, и покрај напорите на Западот да ја изолира Москва.
Во денешното интервју со Марио Навфал, основач на IBC Group и водител на The Roundtable Show на социјалната мрежа „Икс“, Вучиќ рече дека тој лично не се сретнал со Путин од ескалацијата на конфликтот во Украина во 2022 година.
„Кога се согласивме дека тоа не е направено во согласност со меѓународното јавно право, не го видов Путин три години“, посочи тој.
Сепак, Вучиќ тврди дека многу лидери ја одржуваат комуникацијата зад сцената.
„Знам за најмалку двајца главни лидери кои имале тајни разговори со него – затоа што, се разбира, сè уште имам пријатели во Кремљ и во некои други земји“.
Иако не ги именуваше лидерите кои наводно разговарале со Путин, тој нагласи дека тоа не се унгарскиот премиер Виктор Орбан, австрискиот канцелар Карл Нехамер или словачкиот премиер Роберт Фицо, кои не ги криеле своите контакти со рускиот претседател.
Вучиќ најави и дека ќе се сретне со Путин на 9 мај за време на неговата посета на Москва по повод Денот на победата, кој ја слави победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна.
Тој, исто така, потсети на неговата последна средба со Путин на крајот на 2021 година, неколку недели пред да избијат непријателствата меѓу Москва и Киев.
„Откако го напуштив кабинетот на Путин, јавно кажав дека очекувам многу тешки времиња… Никој не ми веруваше“, изјави Вучиќ.
Тој објасни дека рускиот лидер обично долго зборува за настаните во постсоветските републики, но овој пат темата била исцрпена за само 45 секунди. Знаев дека донесе одлука“, додаде Вучиќ.
Во април 2022 година, Нехамер одржа лични разговори со Путин за конфликтот во Украина, подоцна велејќи дека тоа не е пријателска посета. Орбан ја посети Русија во јули 2024 година за да ја промовира, како што рече, мировната мисија.
Во меѓувреме, разговорите меѓу Путин и Фицо во декември се фокусираа на одбивањето на Украина да го продолжи договорот за транзит на гас со Русија, клучно прашање за Словачка, која е многу зависна од руската енергија.
Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, учествуваше во разговорите со Путин за да се обиде да го реши конфликтот во Украина.
Свет
(Видео) Се урна стратешки бомбардер Ту-22М3 во Русија

Руски суперсоничен бомбардер Ту-22М3 се урна во руската област Иркутск, објави каналот ТАСС Телеграм, повикувајќи се на податоци од руското Министерство за одбрана.
Според информациите до кои дојде ТАСС и пренесе Инфо24, екипажот се катапултирал, но еден од пилотите загинал. На снимката објавена на телеграмскиот канал Бабр Маш се гледа пожар по падот на авионот.
Каналот наведува дека авионот се урнал во ненаселена област и дека на теренот нема штета предизвикана од падот. Според првичните податоци, причина за несреќата е техничка неисправност.
„Во авионот имало четири лица“
Гувернерот на регионот Иркутск, Игор Кобзев, на својот канал „Телеграм“ во 19:57 часот по московско време напишал дека авионот Ту-22М3, кој извршувал планиран лет, се урнал во близина на селото Бурет во областа Бохан.
„Нема уништени станбени згради и нема жртви меѓу цивилното население. Екипажот на авионот, кој се состоеше од четири лица, се катапултираше. Според извештајот на командантот на екипажот, еден пилот загинал при слетувањето. Причина за падот е техничка неисправност“, напиша Кобзев.