Македонија
Неделна временска прогноза: в понеделник мало разладување, а потоа нов топлотен бран
До следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.
Благо опаѓање на температурата за два до три степени ќе има само в понеделник. УВ-индексот и понатаму ќе има многу висока вредност 10.
Времето денес (19.7.2023 година): Сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 41 степен. УВ=10
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. T= 39 °C, P= 977 hPa, U= 27 %, V= 2 m/s.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Заклетвата на Силјановска-Давкова во која не употрeби „Северна“
Гордана Силјановска-Давкова денес положи заклетва во Собранието за претседател на државата без да употреби Северна Македонија, по што грчката амбасадорка ја напушти пленарната сала во знак на протест.
Во продолжение, видеото од заклетвата.
Македонија
„Имало директива од грчкото МНР“, пишува грчкиот весник „Катимерини“ за протестот на амбасадорката по заклетвата на Силјановска
Амбасадорката на Грција во Северна Македонија, Софија Филипиду, која беше поканета на седницата на Собранието за положување заклетва на Гордана Силијановска, си замина во знак на протест . Забележано е дека имало релевантна директива од грчкото Министерство за надворешни работи, пишува грчкиот весник „Катимерини“.
Весникот натаму додава: „Петседателката на Северна Македонија, Гордана Силијановска напладне положи заклетва на посебна седница на Собранието. Силијановска, за време на заклетвата, државата ја нарече „Македонија“, и покрај тоа што во текстот на заклетвата, кој го кажа претседателот на Собранието во заминување, Јован Митрески, а Силјановска требаше да повтори, земјата беше наречена ‘Северна Македонија’“.
„Катимерини“ потсетува и на вчерашната изјава на грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис за Преспанскиот договор.
„Со загриженост гледам дел од изјавите на функционерите на ВМРО и ќе го чекам официјалниот за името на државата. Јас лично не се согласував со Договорот од Преспа. Но, го прифатив во контекст на континуитетот на државата и сфатив дека, и покрај моето несогласување, морам да го почитувам. Сакам да се надевам дека она што се слушаше пред изборите нема да се слушне по изборите. Ако тоа се случи, ќе имаме проблеми “, рече Мицотакис.
Весникот пишува и дека на денешната церемонија не присуствувале лидерите на соседните земји, Бугарија, Србија и Албанија , за разлика од последната церемонија каде присутен бил и бугарскиот претседател Румен Радев, а земјите наводно тврдат дека не ги добиле поканите навремено.
И грчката „Прототема“ пишува за инаугурацијата и протестот на грчката амбасадорка, со коментар дека е прекршен договорот од Преспа.
„Амбасадорката на Грција во Северна Македонија, Софија Филипиду ,која беше поканета на седницата на Собранието за положување заклетва на Гордана Силијановска, си замина во знак на протест поради тоа што таа за време на нејзиното полагање заклетва го прекрши Договорот од Преспа“.
Македонија
Грчката амбасадорка ја напушти собраниската сала во знак на протест на инаугурацијата на Силјановска-Давкова
Грчката амбасадорка во земјава – Софија Филипиду, ја напушти собраниската сала за време на инаугурација на Гордана Силјановска-Давкова за претседателка на државата.
Информацијата што подоцна беше потврдена, прв ја сподели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на социјалните мрежи.
„Грчката амбасадорка Филипиду, демонстративно ја напушти собраниската ложа, заради употребата на терминот Македонија при положувањето на заклетвата од новата Претседателката Силјаноска Давкова“, напиша Милошоски.
Силјановска Давкова претпаднево во Собранието даде свечена заклетва дека дека функцијата ќе ја извршува совесно и одговорно, дека ќе ги почитува Уставот и законите и дека ќе ги штити независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата, без притоа, да употреби „Северна“ во името на државата.
Повторувајќи по претседателот на Собранието, Јован Митрески кој го користеше уставното име на земјата Република Северна Македонија, Силјановска-Давкова употребуваше само Македонија.
Давкова по заклетвата се обрати пред пратениците, а говорот во најголем дел им го посвети на жените.