Uncategorized
Дванаесет министерства во Норвешка цел на хакерски напад
Дванаесет норвешки министерства беа погодени од сајбер-напад, соопшти норвешката влада. Тоа е последен во серијата напади врз јавниот сектор на најголемиот европски снабдувач со гас и најсеверната членка на НАТО.
„Идентификувавме слабости во платформата на еден од нашите доставувачи. Тоа сега е решено“, рече Ерик Хоуп, шеф на владината агенција за услуги во Министерството.
Нападот беше забележан на 12 јули благодарение на невообичаениот сообраќај на платформата на доставувачот. Сајбер-нападот е предмет на полициска истрага.
„Рано е да се каже кој стои зад тоа и колкава штета предизвика овој сајбер-напад“, рече Хоуп. По падот на испораките на руски гас, Норвешка сега е најголемиот снабдувач на гас во Европа на најголемиот извозник на нафта во Западна Европа.
Кабинетот на премиерот и министерствата за одбрана, правда и надворешни работи не беа погодени од нападот бидејќи користат други ИТ-платформи, објасни Хоуп.
Норвешкиот јавен сектор и претходно беше цел на сајбер-напади.
Бројот на сајбер-напади во таа земја тројно се зголеми меѓу 2019 и 2021 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дејвид и Викторија Бекам уживаа на луксузна јахта во Мајами
Дејвид и Викторија Бекам уживаа заедно на луксузна јахта за време на нивниот одмор во Мајами. Фотографите ја фатија славната двојка додека се сонча, разговара и чита.
Дејвид беше без кошула и носеше црни шорцеви за капење, а Викторија носеше тексас шорц во комбинација со класична црна маица и капа.
Двојката изгледаше целосно опуштено, уживајќи на јахтата во присуство на екипажот.
Претходно овој месец, The Sun објави дека Дејвид и Викторија платиле готовина за нова вила во Мајами. За тој имот со поглед на лагуната Бискејн Беј, со базен долг 38 метри, кујна за професионални готвачи, кино и девет спални соби издвоиле 55,6 милиони фунти, што е нешто повеќе од 66 милиони евра.
Uncategorized
Земјотрес на првиот крак на Халкидики
Попладнево во близина на Неа Мудања на првиот крак на Халкидики регистриран е земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер.
Епицентарот бил во морскиот дел на 12 километри југозападно од Неа Мудања, а земјотресот бил почувствуван се до Солун, па и Бугарија. Нема информации за материјална штета или повредени лица.
По првиот, регистриран е уште еден потрес со помала јачина, односно 3,8 степени.
Uncategorized
(Видео) Објавена нова снимка на која се гледа како се поплавува Валенсија
На социјалните мрежи е објавено уште едно видео, кое го прикажува доаѓањето на поплавниот бран во Пајпорта, Валенсија.
Бројот на загинати во поплавите во Шпанија денес се искачи на 158 лица.
Огромното мнозинство од овие смртни случаи – 155 луѓе – се регистрирани во Валенсија, соопшти регионалниот координативен центар за итни случаи на Платформата „Икс“.
„Процесот на собирање и идентификација на жртвите продолжува“, велат од центарот.
Премиерот Педро Санчез го посети центарот рано утринава.
Spain floods.
Paiporta. Valencia.
Terrific images… 😰 pic.twitter.com/Skj3V2Z3xs
— Tandros (@Tandros_MS) October 30, 2024