Македонија
Меџити: Од Владата побаравме нови 22 возила за Итната медицинска помош
Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, денес ја посети Службата за итна медицинска помош во рамките на ЈЗУ Здравствен дом Скопје, со цел да се информира за нејзината работа, која е со зголемен обем поради високите температури што ја зафатија земјата.
Меџити разговараше со здравствените работици, кои се дел од оваа служба и кои се на првата линија кога станува збор за итни случаи на кои им е потребна здравствена заштита, интересирајќи се за предизвиците со кои се соочуваат секојдневно на терен.
Во текот на средбата Меџити посочи дека Службата за итна медицинска помош игра клучна улога во обезбедувањето навремена и соодветна здравствена заштита за пациентите и дека токму затоа Министерството за здравство работи на унапредување на нејзините капацитети.
Тој најави дека Министерството за здравство доставило барање до Владата на РСМ за набавка на нови 22 возила за потребите на Итната медицинска помош, кои се планира да бидат распределени во целата држава со цел да се обезбеди уште поефикасна здравствена заштита за пациентите.
Оваа информација беше поздравена од здравствените работници во ЈЗУ Здравствен дом Скопје, кои го информираа министерот дека најавената иницијатива за набавка на нови возила ќе биде од големо значење во насока на унапредување на нивната работа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

