Македонија
Беќаровски: Луѓе со минимум 20 години искуство за раководители на клиниките, да се зголемат и платите на лекарите оти ќе останеме без нив
Директорот на Клиничкиот центар да го избира Владата, a раководители да бидат вработени на клиниката со минимум 20 години искуство, ова го истакна доктор Нико Беќаровски, член на Иницијативниот одбор за формирање синдикат, кој денеска се спои со Синдикатот на Клиничкиот центар во докторски одбор „Хипократ“.
„Иницијативниот одбор ја поздравува идејата за спојување на Клиничкиит центар, тоа беше една од нашите заложби. Меѓутоа, од друга страна, спојувањето треба да значи и професионализација на клиниките. Што подразбираме под тоа? Директорот на Клиничкиот центар, да, може, нека го избира Владата, меѓутоа раководителите на клиниките исклучиво да се избираат од редот на вработените на клиниката со минимум 20 години искуство да бидат специјалистичко, пожелно би било секако да бидат од редот на професорите што се на таа клиника. Ние направивме една груба процена дека само по основ на втор директор, кој постои моментно на клиниките, и по основ на управни одбори, годишно околу милион и сто илјади евра се неповратно фрлени без никаква конкретна импликација, освен што служи за вработување кадри“, потенцира Беќаровски.
Резултатот од т.н вечерни школи, како што вели, е неквалитетен кадар.
„Секој најдобро знае каков персонал му недостига. Во моментот се случува од денеска да добиеме писмо дека овој е прераспределен кај вас, овој е тргнат од кај вас. Со ваков начин квалитет нема. Верувајте, има сестри што не знаат да ја стават иглата на шприцот. Таква сестра не може да работи на Клинички центар. Не би требало да работи ни на друго место. Се дисперзираа, секаде се отворија школи, се завршуваат вечерни школи, од таму произлегоа неквалитети“, оцени Беќаровски.
Истовремено, лекарите го повторија и барањето за зголемување на платите.
Во спротивно најавуваат протести и напуштање на јавното здравство. Ова го најавија од Синдикатот на Клиничкиот, кому му се приклучува и докторскиот одбор.
„Ние бараме со августовската плата да се изврши тоа усогласување со минималната. Доколку тоа не се реши пред покачувањето најавено во септември, ние ќе почнеме да ги користиме сите законски акти и прописи, а тоа значи дека може да има приватни и колективни тужби до Фондот за здравство и до Министерство за здравство, а во согласност со членството, во консултации со членството може да почнат и протестите“, вели Серафимовски.
„Како што се најдоа пари за судиите и за функционерите, така треба да се најдат пари и за лекарите“, вели доктор Нико Беќаровски.
Доколку не се исполнат барањата на лекарите, тие ќе преминат во приватното здравство, а младите лекари ќе заминат од државата.
Покрај зголемување на платите, се бара и обединување на сите клиники во еден правен субјект, со што, како што велат, ќе се заштедат огромни суми пари од плаќање на организациските директори и непотребните управни одбори, и тоа од над милион евра. Од Синдикатот се бара и регулирање на специјализациите, како и на статусот на сите вработени со договор на дело подолг од 6 месеци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мециновиќ: Институциите гледаат, знаат, намерно молчат – само за пари и профит
Пратеникот на партијата Левица, Амар Мециновиќ, на Анкетната комисија иницирана од родителите на загинатите во Кочани, истакна дека централниот елемент на дискусијата треба да биде недостатокот на одговорност од страна на институциите. Тој истакна дека кога се случи трагедијата, на сите им било јасно дека системот потфрлил, но проблемот, според него е во тоа што институциите се изземени од одговорност заради приватниот интерес кој генерира пари на незаконски начин.
„Централниот елемент на ова дискусија треба да биде дека во оваа држава некој дозволува да не се следат законите, да не се следат прописите и да не постапуваат институциите само заради една работа, а таа работа не ја кажа никој тука, тоа се парите. На нас трагедии ни се случуваат затоа што институциите молчат пред приватниот интерес кој генерира пари на незаконски начин. Институциите молчат пред луѓето кои имаат политички врски само за да генерираат профит. Тоа го видовме и од преписките кои излегуваа во медиумите и од процесот. Значи нашите институции гледаат, знаат, намерно молчат“, истакна Мециновиќ.
Понатаму во своето излагање Мециновиќ праша каде завршуваат парите заради кои институциите гледаат, молчат и со тоа потфрлаат.
„Мене ми е апсурдно да зборуваме за процедура денеска. Ние конечно треба да се одважиме да го одговориме прашањето – Каде завршуваат крвавите пари заради кои се случуваат овие трагедии?“.
Македонија
Уште 10 дена за аплицирање за ваучери за ИТ уреди, известува Министерството за дигитална трансформација
Министерството за дигитална трансформација известува дека остануваат уште 10 дена за аплицирање за студентски ваучери.
Досега се доделени вкупно 42.606 ваучери, од кои се искористени 27.426.
„Согласно актуелниот проект на Владата, кој се реализира во соработка помеѓу Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за образование и наука, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за електронски уреди за студентите на додипломски студии, запишани во учебната 2025/26 година.
Потсетуваме дека рокот за аплицирање од страна на студентите е до 20.12.2025 година, а искористувањето на ваучерите ќе биде со рок до 31.12.2025 година“, соопштуваат од Министерството за дигитална трансформација.
фото: unsplash
Македонија
После Албанија и Косово, следна дестинација на мигранти е Македонија, велат од СДСМ
Не се само британските медиуми, многу светски медиуми имаат објавено анализи и информации од планот за „центри за враќање на мигранти“ од Британија и други земји на Балканот, истакнуваат од СДСМ.
„Косово стана првата земја која прифати одбиените мигранти од Британија. Албанија исто така се согласи за изградба на прифатни центри за мигранти но од Италија.
Пред 5 дена, „Дојче Веле“ објави дека 40 мигранти веќе беа донесени со воен брод во центрите во Албанија. Ете колку бргу се развиваат работите. „Мигрантите, треба да останат во камп во Албанија сè додека не бидат депортирани.“ пишува во текстот на Дојде Веле.
Британските медуими пак пренесоа дека Владата на Мицкоски и ДПМНЕ разговара за мигранти од Британија во Македонија. Британците известуваат дека е договорено по 20.000 фунти по мигрант, нивно вклучување на пазарот на труд, особено во градежништвото, како и долгорочно населување во нашата држава. Ова е вистината! Дали светските медиумите лажат? Дали СДСМ лаже?
Кој лаже? Власта на Мицкоски“, додаваат од опозициската партија.
Владата, како што оценуваат од партијата на Филипче, нема пари, веќе недостасува 1 милијарда евра, очигледно, велат, сакаат да земат кредит од 6 милијарди евра а за возврат да донесат мигранти.
„Граѓаните се против овие антинационални и андржавни политики на ДПМНЕ и велат Не за мигранти , Не за загрозување на безбедноста на државата“.

