Црна хроника
Нападнат возач на автобус во Чаир
54-годишен возач на автобус вчера бил нападнат во Чаир.
– На 03.08.2023 во Полициската станица Бит Пазар, А.Ф.(54) од Скопје пријавил дека околу 19.10 часот на автобуска постојка на подрачје на Чаир, додека управувал автобус, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од И.Р.(32) од Скопје, информира МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Измамник украл 683.000 денари претставувајќи се како вработен во банка
Против скопјанец поднесена е кривична пријава поради компјутерска измама.
Претставувајќи се како вработен во банка, исконтактирал друго лице и го довел во заблуда да му го даде кодот кој пристигнал на неговиот мобилен телефон заради наводно ажурирање на податоци, при што го оштетил за 683.000 денари, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Рачна бомба фрлена во двор на прилепчанец: оштетени две возила и прозорите од куќата
Вчера во 08.45 часот во ОВР Прилеп, Е.Б.(25) од с.Десово, општина Долнени, пријавил дека околу 03 часот во неговиот двор во селото била фрлена експлозивна направа.
Полициски службеници од ОВР Прилеп извршиле увид и било констатирано дека била фрлена рачна бомба, од чија експлозија биле оштетени неколку прозорци од куќата и две патнички возила „фолксваген голф“ и „опел корса“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Е.Б..
За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Црна хроника
Возило во сопственост на МВР се судри со автомобил во Скопје, две лица полесно повредени
На булеварот Крсте Мисирков во Скопје вчера се случи сообраќајна незгода помеѓу возило во сопственост на МВР, и автомобил управуван од А.А.(46) од Скопје.
„Во незгодата со телесни повреди се здобиле А.А. и малолетен сопатник, констатирани во Градската општа болница“, извести МВР.
Извршен бил увид.