Црна хроника
Четири лица повредени по судир меѓу две возила во Валандово

Четири лица повредени по судир меѓу две возила во валандовско.
Во текот на вчерашниот ден во 10.40 часот во ОВР Валандово било пријавено дека на регионалниот пат кај с.Марвинци, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички моторни возила „пасат“, едното со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(43) од Куманово, а другото со српски национални ознаки, управувано од В.А.(52) од Република Србија.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка во возилото со кумановски ознаки, Л.Ј.(62) од с.Отошница, општина Ранковце, констатирани во Општа болница Гевгелија, додека две сопатнички од другото возило, С.А.(50) и малолетничка, двете од Република Србија се здобиле со телесни повреди.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Валандово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
На тераса во Кочани украден паричник од 90-годишен маж

90-годишник од Кочани синоќа пријавил кражба што се случила околу 21:30 часот на терасата од неговата семејна куќа.
Според пријавата во ОВР Кочани, едно лице му го одзело паричникот во кој имало пари и лични документи.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Норвежанец приведен на аеродромот во Скопје, се однесувал агресивно

44-годишен државјанин на Норвешка бил приведен ноќеска на Меѓународниот аеродром Скопје, откако за време на летот од Осло до Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при обид полициските службеници да разговараат со него, мажот продолжил да се однесува агресивно и кон нив, попречувајќи го извршувањето на службените дејствија.
Лицето било приведено, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Црна хроника
46-годишна жена физички нападната од својот партнер

Четириесет и шестгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната од својот партнер во домот каде што престојува, на подрачјето на општина Кисела Вода.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 6 јуни околу 22:00 часот, а пријавата била поднесена во СВР Скопје на 7 јуни, околу 02:30 часот. Осомничениот С.А. (50) оштетил и дел од покуќнината.
Од МВР информираат дека се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава против сторителот.