Свет
Расте бројот на загинати во пожарите на Хаваи: 96 лица загинаа на островот Мауи, спасувачите ги пребаруваат запалените области

Бројот на загинати во разорните шумски пожари на хавајскиот остров Мауи се искачи на 96, потврдија локалните власти.
Според извештаите, тој број ќе продолжи да расте, бидејќи се уште има исчезнати лица, објави Си-Ен-Ен.
Се додава дека во западен Мауи, спасувачките тимови со кучиња сè уште ја „чешлаат’ пепелта на поранешните домови, кои беа збришани од најсмртоносниот пожар во САД во повеќе од 100 години.
Официјални лица од округот Мауи забележуваат дека идентификувањето на жртвите воопшто не е лесно, во саботата, од десетици мртви тела пронајдени низ областа зафатена од пожарот, идентификувани се само две лица.
„Треба да направиме брза ДНК за да ги идентификуваме сите“, рече началникот на полицијата на островот, Џон Пелетиер, во саботата.
Тој ги повика сите оние чии членови на семејствата исчезнале да контактираат со надлежните во врска со проверката на ДНК тестот.
Тој додаде дека околу 86 отсто од овие објекти се станбени.
Борбата продолжува за сместување на раселените жители и туристи.
Од петокот вечерта, вкупно 1.418 луѓе беа во засолништа за итна евакуација, а тимовите работат на сместување на раселените жители на Лахаина во привремени домови, со повеќе од 500 хотелски соби веќе обезбедени со помош на владини субвенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Русија ја шири војната, Западот мора превентивно да делува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за проширување на војната по нарушувањето на воздушните простори на Полска и Романија.
„Русија точно знае каде летаат нејзините дронови – ова не е грешка на пониски команданти. Очигледно ja шират војната“, порача Зеленски на Телеграм, додавајќи дека тоа бара превентивно дејствување на Западот.
Тој повторно повика на заострување на санкциите и тарифите кон руската трговија и намалување на увозот на руска нафта. Зеленски го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за координирано дејствување и апелираше: „Не чекајте десетици дронови и проектили за да донесете одлуки. Престанете да барате изговори.“
Свет
(Видео) Напад со дрон предизвика пожар во втората најголема рафинерија во Русија

Во рафинеријата за нафта во Кириќи, на северозападот на Русија, изби пожар по пад на остатоци од соборен дрон, соопшти гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко.
Тој потврди дека пожарот е изгаснат и дека нема повредени.
Рафинеријата „Кинеф“ на Сургутнефтегаз во Кириќи е една од двете најголеми во Русија. Годишно преработува околу 17,7 милиони тони сурова нафта (околу 355.000 барели дневно), што претставува 6,4% од вкупното производство во земјата.
Russian Telegram channels report a large fire at the Novo-Ufimskiy oil refinery in Russian Ufa, after a drone attack. pic.twitter.com/jKTqW5ouQO
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 13, 2025
Свет
САД и Велика Британија ќе потпишат важен технолошки договор

Обединетото Кралство и САД во наредните денови ќе потпишат значаен технолошки договор во рамките на државната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон, соопшти британската амбасада во Вашингтон.
Договорот е насочен кон зајакнување на соработката во сектори како вештачка интелигенција, полупроводници, телекомуникации и квантно компјутерство, вредни трилиони долари.
Посетата на Трамп ќе трае три дена и ќе ја придружува делегација од водечки американски бизнис-лидери, меѓу кои директорите на Nvidia и OpenAI.
Според Sky News, инвестицискиот гигант BlackRock планира да вложи 700 милиони долари во британски дата-центри како дел од пакет договори што ќе бидат објавени за време на посетата.