Топ
Пешак прегазен во Скопје, со тешки повреди пренесен во болница

Вчера, во 19.45 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на сервисна улица, која ги поврзува улицата Ѓорче Петров со улицата Браќа Чакареви, патничко возило „рено флуенс“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А. Л. (59) од Скопје, удрило во пешакот А. Г. (57) од Скопје.
По несреќата, А. Г. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ победи во три општини во првиот круг, Филипче рече дека резултатот не е каков што посакувале сите, но не е лош

Првиот човек на СДСМ, Венко Филипче, соопшти дека партијата на локалните избори победила во три општини во првиот круг – Крива Паланка, Кривогаштани и Богданци.
Изборниот ден го оцени како мирен, со одредени забелешки кои ќе бидат поднеени со ОБСЕ и ДИК. Тој им ја честиташе победата на сите градоначалници кои победија во првиот круг.
Објави дека СДСМ води во уште неколку општини – Центар, Пробиштип, Чучер Сандево, Чешиново, Валандово, Крушево, Лозово, Росоман.
Дополнително, се осврна и на општините во кои се на второто место – Неготино, Македонска Каменица, Ранковце, Дојран, Демир Капија, Зрновци, а очекуваат податоци од уште неколку места.
Тој апелира граѓаните да излезат масовно на гласање во вториот круг.
Овој резултат не е тој што го посакувавме сите, рече Филипче, меѓутоа не е лош резултат со оглед на тоа што во некои од општините имаме зголемување на бројот на гласови.
Македонија
„Времето на Ахмети заврши“: „Вреди“ прогласи победа во повеќе општини

Со слободен глас и чиста совест граѓаните ставија крај на ерата на една измама и страв отворајќи го патот за нова чесна и одговорна политика, истакнаа од коалицијата „Вреди“.
Во повеќето општини во земјата првите резултати покажуваат широка поддршка за визијата на „Вреди“, за работа, развој и одговорност. Албанците правилно ја прочитаа нашата одоворност и дадоа јасна порака дека повеќе не веруваат во старите приказни на политиката на старв и измама. Со месеци Али Ахмети, Арбен Таравари и Зијадин Села се обидуваат да ги држат Албанците како заложници со нивниот трик на референдумот кој им служеше за политички опстанок. Тие се обидоа да го претворат стравот во кауза, измамата во патриотизам а паниката во политика“.
Албанците веќе не веруваат во стравот како политичка алатка, велат од коалицијата и нагласуваат дека „Вреди“ победи во првиот круг во Чаир, Сарај, Боговиње, Теарце, Желино и Арачиново.
„Во вотриот круг како победници влегуваме во Тетово со многу јасна победа, во Дебар, Брвеница, Долнени и во Струга. Албанците ја испратија најмоќната порака на овие избори. Времето на Али Ахмети заврши. Еарата што ја држеше надежта на Албанците како заложник заврши а започна нова страница, политика на луѓе кои работа, слушаати кои не заплашуваат“, порачаа од „Вреди“.
Македонија
Во повеќето општини низ Македонија во водство се кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, според податоците на ДИК

Во повеќето општини низ Македонија, во моментот во водство се кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, според податоците објавени на страната на Државната изборна комисија.
Иако засега се обработени мал број од гласовите, мапата е обоена во портокалова боја.
ВМРО-ДПМНЕ веќе прогласи победа во Штип, Охрид, Кисела Вода, Радовиш, Берово, Ѓорче Петров, Гази Баба, Пехчево, Делчево, Прилеп, Битола, Гевгелија, Бутел, Аеродром, Велес и други општини. Партијата очекува повеќе градоначалници од претходните локални избори во 2021 година.
Според информациите на ДИК, во Куманово во водство е кандидатот од ЗНАМ, Максим Димитриевски, а СДСМ засега води во Центар, Крива Паланка и уште неколку општини.
ЛИНК до обработените гласови.