Спорт
Шеикот Џасим загрижен – верува дека Глејзери не сакаат да го продадат Манчестер јунајтед
Катарскиот банкар, шеикот Џасим Бин Хамад Ал-Тани се сомнева дека американското семејство Глејзер ќе се повлече од продажбата на Манчестер јунајтед, откако процесот на преземање на клубот влегува и во новата фудбалска сезона.
Шеикот Џасим е еден од двајцата најсериозни конкуренти за клубот од Манчестер покрај најбогатиот Англичанец, Сер Џим Ретклиф, откако Глејзери објавија дека се подготвени за делумна или целосна продажба на клубот во ноември 2022 година. Процесот се оддолжи со барање за нови понуди, а шпекулциите велеа дека Американците се незадоволни од постигнатата сума од 6 милијарди фунти и дека бараат повеќе.
Според „Манчестер ивнинг њуз“, Џасим веќе изразил разочарување од процесот и изворот за весникот потврдил дека „следниот чекор е кај продавачот и ние можеме само да чекаме“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Димитирјевиќ замина од УНИКС, следна станица Милано
Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ по две години го напушти УНИКС, соопшти рускиот клуб.
Како што соопшти клубот од Казан, 26-годишниот репрезентативец на Македонија е слободен да избере каде ќе ја продолжи кариерата.
Во претходните две сезони Димитријевиќ беше најдобар играч на клубот и во ВТБ лигата. Тој одигра вкупно 50 натпревари во ВТБ лигата со просек од 18,6 поени, 3,6 скока и 1,2 украдени топки на 30 минути игра.
Италијанските медиуми објавија дека Димитријевиќ веќе има договор со челниците на Олимпија и дека до крајот на неделата ќе стане член на клубот од Милано.
Спорт
(Видео) Австрија пресилна за Полска – Прв триумф за Австрија, втор пораз за Полска на ЕП
Австрија ја победи Полска со 3:1, во Д групата на Европското првенство во Германија. Австријците со оваа победа се доближија до осминафиналето, додека на Полска ќе и треба чудо во последното коло за да избори место во нокаут фазата.
Австрија во овој момент е посилна селекција од Полска и тоа го покажа на терент на Олимпискиот стадион во Берлин.
Траунер го постигна првиот гол во деветтата минута, но Полјаците успеаја да изедначат преку Пјонтек по половина час игра.
Конечниот удар Австријците го зададоа во втората половина од второто полувреме. Баумгартнер во 66.минута со гол ја заврши одличната тимска акција,а 12 минути подоцна Сабицер избори пенал. Сигурен реализитор беше Арнаутовиќ.
Во последното коло Австрија ќе игра против Холандија, а Полска против Франција.
Спорт
Легендарниот фудбалер Фалкао има нов клуб
Иако е во доцните играчки години, Радамел Фалкао не планира да застане.
Откако му истече договорот со Рајо Валјекано, се огласи и неговиот нов клуб.
Тоа е – Милионариос.
И сето тоа 23 години откако го напушти овој клуб како 15-годишник.
Фалкао зад себе има импресивна кариера, играше за Ривер, Порто, Атлетико Мадрид, Монако, Манчестер Јунајтед, Челзи, Галатасарај и Рајо.
За Колумбија, за која уште настапува, одигра 104 натпревари и постигна 36 голови.