Спорт
Навивачите на Марсеј побараа оставки од клупските челници
Навивачите и управата на Олимпик Марсеј одржаа состанок за кој француските медиуми пренесуваат дека поминал во крајно тензична атмосфера. Приврзаниците на клубот побарале оставки од клупските челници.
По пет одиграни првенствени натпревари, Марсеј заостанува два бода зад лидерот Монако, а незадоволството на навивачите го засили ремито против Тулуз изминатиот викенд. Претходно беше договорена средбата меѓу управата на клубот и навивачите.
Пабло Лонгорија (претседател на клубот), Хавиер Рибалта (спортски директор) и Педро Ириондо (извршен директор на клубот) се појавија пред навивачите и потврдија дека не се задоволни од играта на тимот, но навивачите беа оние кои го водеа главниот збор.
„Се срамиме“, „Не не почитувате“, се пораките кои навивачите ги упатија до управата, критикувајќи го фудбалот што го игра тимот оваа сезона. Тие побараа од челниците на клубот веднаш да поднесат оставка. Се наведува и дека управата останала без зборови и дека состанокот кратко траел, а завршил така што навивачите станале и ја напуштиле просторијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шек ја одбра идеалната петорка на сите времиња – без Леброн
Шекил О’Нил по завршувањето на кариерата излезе во медиумите, а неговите изјави често ги споделува јавноста.
Шек во интервју за Билд го остави Леброн Џејмс надвор од петте најдобри на сите времиња.
„Мајкл Џордан, Коби Брајант, Џулиус Ирвинг, Карл Мелоун и јас“.
Кога го прашале да го објасни својот избор, Шек одговорил:
„Одредени играчи доминираа во лигата во различни моменти од мојот живот. Како дете, им се восхитував на играчите како Џулиус Ирвинг, Меџик Џонсон, Карим Абдул-Џабар и Лери Бирд“.
За О’Нил нема дилема дека Мајкл Џордан е најдобриот кошаркар на сите времиња.
„Тој го потврди својот статус со достигнувања со кои ретко кој може да се спореди и влијанието што го имаше на оваа игра во текот на неговата кариера“, заклучува О’Нил.
Спорт
ВАДА бара суспензија за Синер
Светската антидопинг агенција (ВАДА) поднесе жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана и бара суспензија за Јаник Синер.
Непосредно пред почетокот на УС Опен на крајот на август, беше објавено дека ITIA (International Tennis Integrity Agency) го ослободи Синер, т.е. дека не нашла „нема вина и немарност“ во случајот на два позитивни теста за клостебол во март.
Меѓутоа, ВАДА мисли поинаку и смета дека пресудата не била точна според сегашните правила, како што се наведува во соопштението.
„Ќе побараме суспензија меѓу една и две години. ВАДА не бара поништување на ниту еден резултат“, се вели меѓу другото во соопштението на ВАДА.
Синер, и покрај притисокот од тој допинг скандал, го освои УС Опен, негова втора Грен слем титула, по Австралија Опен исто така оваа година.
Спорт
Солскјер: Не можевме да го пуштиме Роналдо во Сити
Оле Гунар Солскјер призна дека Манчестер Јунајтед направил грешка кога го вратил португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо од Јувентус на Олд Трафорд во 2021 година, но откри и дека клубот го направил тоа за да го спречи одличниот стрелец да замине во Манчестер Сити.
Роналдо го отслужи првиот мандат во Јунајтед од 2003 до 2009 година, кога беше продаден на Реал за тогаш рекордна сума од 94 милиони евра. Во втората во првата сезона постигна 24 гола, а потоа во втората по критиките од клубот поради статусот во тимот остана без договор. Прво го менаџира Оле Гунар Солскјер, кој набрзо доби отказ, а по привременото решение на Ралф Рангник, во клубот пристигна и Ерик тен Хаг.
„Тој е еден од најдобрите фудбалери во светот во последните 15 години. Играв со него. Играше за Јунајтед. Тој има историја со овој клуб. Тој го напушта Јувентус и не можеме да му дозволиме да замине во Манчестер Сити. Тој веројатно би постигнал повеќе голови таму, отколку што ќе даде гол денес.
Роналдо за Јунајтед одигра вкупно 346 натпревари со учинок од 145 гола и 64 асистенции. Халанд неодамна го постигна својот 100-ти гол за Сити. Му беа потребни 105 натпревари.