Свет
(Видео) Голем гаф во ОН: „Слава на урината“ поздравна порака во центарот на Њујорк

Иако центар на случувањата во Њујорк е седницата на Генералното собрание на ОН, каде се собраа бројни светски лидери, „славата“ ја одзеде еден билборд.
Станува збор за неверојатен кикс направен во форма на поздравна порака во центарот на Њујорк. Имено, на огромниот дигитален билборд наместо „Слава на Украина“ се појави пораката „Слава на урината“.
Glory to the urine !
There was a greeting message for Zelenski’s arrival in New York. But instead of Glory to Ukraine, the flag read Glory to urine .
The company that owns the screen explained that the error was caused by an intelligent system that compared the yellow color… pic.twitter.com/B2jzXZFIBh
— Sprinter (@Sprinter99800) September 21, 2023
Главна тема на заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации беше војната во Украина и затоа главна „ѕвезда“ беше украинскиот претседател Володимир Зеленски, а подоцна и неговиот говор пред Советот за безбедност, на кој присуствуваше и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Компанијата која управува со билбордот објасни дека грешката била предизвикана од интелигентен систем кој автоматски го коригирал зборот „Украина“ во слична форма – урина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски тврди дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина. Тој, во своето редовно вечерно обраќање до нацијата, додаде дека ова претставува надминување на целта што ја поставил пред два месеца.
– За време на војната, Украина стигна до тоа речиси 60 проценти од оружјето што е во рацете на нашите војници да биде украинско производство, рече Зеленски во видеообраќањето.
– И тоа се моќни оружја, со низа модернизации, нагласи тој.
Зеленски и други украински претставници со месеци го истакнуваат напредокот во домашното производство на оружје како клучен фактор за идната одбрана на земјата.
Во обраќањето тој се осврна и на заедничкиот проект за производство на оружје со Данска. Во јули, Зеленски го повика новото владино раководство да обезбеди најмалку 50 проценти од оружјето за армијата да се произведува во Украина.
Тогаш тој наведе дека украинското производство обезбедува околу половина од оружјето на армијата – највисоко ниво од прогласувањето на независноста на земјата во 1991 година.
Свет
Тетоважата го издаде шефот на албанската мафија, па полицијата го уапси

Уапсен е шеф на албанската мафија. Тој бил препознаен додека седел на барска маса благодарение на тетоважата на десната подлактица на која имашл полугола жена. Токму овој детаљ ѝ овозможи на полицијата дефинитивно да го идентификува.
Луша треба да отслужи десетгодишна затворска казна за водење на италијанско-албанска криминална организација специјализирана за проституција, главно од Албанија.
Во обид да избегне апсење, 52-годишникот дури и го променил своето име во официјалните документи, вклучително и во пасошот.
Сепак, овој трик не беше доволен. Долгорочната истрага и внимателната анализа на деталите им овозможија на органите за спроведување на законот да го решат случајот и да го уапсат по 19 години.
Свет
Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба по добивањето лиценца, објави Вероника Скворцова, раководителка на Руската Федерална медицинска биолошка агенција (ФМБА).
– Кон крајот на летото 2025 година, поднесовме документи до Министерството за здравство за добивање лиценца за клиничка употреба на оваа вакцина. Истражувањето траеше неколку години, а последните три години беа посветени на претклинички студии. Вакцината е подготвена за употреба, чекаме лиценца, рече Скворцова.
Како што истакна таа, студиите ја потврдиле безбедноста на вакцината, вклучително и можноста за повеќекратна употреба, како и нејзината висока ефикасност во намалувањето на големината и забавувањето на растот на туморите. Покрај тоа, резултатите покажаа продолжено преживување на пациентите.
– Планираме да почнеме да го користиме кај колоректален карцином. Во исто време, во последната фаза имаме вакцина за уште два вида тумори – глиобластом, еден од малигните тумори на мозокот, како и посебни видови меланом, не само на кожата, туку и на очните мембрани. Ова е многу тешка и брзонапредувачка болест, па затоа овие локализации ќе бидат следни, нагласи Скворцова.
Таа потсети дека во ноември 2024 година, на состанок со претседателот на Русија, објавила дека ФМБА планира да започне со употреба на вакцина против рак за персонализиран третман на пациенти од 2025 година.