Регион
(Видео) Торнадо преврте куќа на Санторини
Силно невреме проследено со ветер го зафати Санторини. Ветрот бил толку силен што кревал и превртувал куќи.
Како што може да се види на видео објавено на „Тик-ток“, на тој простор се формирало торнадо, кое разнело цела куќа.
@kaloudis_theodoros Δυνατός αέρας σήμερα 28 Σεπτεμβρίου 2023 σήκωσε στον αέρα λυόμενο σπίτι στον Καρτεραδο Σαντορινης ευτυχως χωρις θυματα.#foryou #fu #ekloges2023 #santorinigreece #fyp ♬ πρωτότυπος ήχος – Καλούδης Θεόδωρος
Според сведоци што ја снимиле неверојатната сцена, куќата била празна и, за среќа, во овој инцидент нема жртви, пренесува „Прототема“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пет деца во тешка состојба откако нивната мајка ги избањала со средство за чистење на паразити: Драма во Липница
Пет браќа на возраст од 3 до 15 години завршиле во болница откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити.
Децата од Липница во неделата вечерта биле донесени во болница во исклучително тешка состојба, а 14-годишното момче паднало во кома и било интубирано.
Како што пишуваат медиумите, мајката се капела себеси и децата со исклучително токсично средство, кое се користи за чистење на овци, коњи, кучиња и мачки од крлежи и болви. Се верува дека на овој чекор се одлучила откако едно од децата добило вошки. Наводно советот и го дала бабата на момчето.
Овој инсектицид се користи само од обучен персонал и само во многу разредени дози, пренесуваат медиумите во регионот.
„Децата се донесени во Ургентен центар во исклучително тешка состојба. Децата беа во состојба на делириум, халуцинираа и се тресеа. Едното е веднаш префрлено на интензивна нега бидејќи веќе е во кома. Состојбата на другите деца донекаде се подобри“, рече Крина Кибеди, портпаролка на болницата.
Регион
Бебе најдено во контејнер во близина на Загреб
Новородено бебе, кое синоќа беше пронајдено во Запрешич кај Загреб, завиткано во ќебе и фрлено во контејнер, е надвор од животна опасност, потврдија за „Индекс“ од загрепската полиција.
Полицијата пријавата ја добила околу 23 часот. Новороденчето е пренесено во болница во Загреб.
„Новороденчето било донесено во КБСД околу полноќ. Тоа е во добра физичка состојба, со редовни витални функции и без знаци на надворешни повреди“, велат од болницата.
Според првите информации, на местото на кое е пронајдено бебето имало и 15-годишно дете, кое побарало помош од минувачите, но полицијата ја демантира оваа информација.
Полицијата сѐ уште го истражува случајот и продолжува со утврдување на околностите и идентитетот на мајката.
Регион
На Порфириj забранет влез во Косово, Патријархот: Таа врата ќе ја отвори самиот Бог
Власта во Приштина им забрани на поглаварот на Српската православна црква (СПЦ), патријархот Порфирије и на седумте владици кои го придружуваат да влезат во Косово, каде за утре е закажан состанок на советот на СПЦ во Пеќската патријаршија.
Патријархот требаше да пристигне во Косово во текот на попладневните часови, но пред да пристигне на преминот Мердаре од Приштина, стигна забрана во која се наведува дека поглаварот на СПЦ не може да влезе во Косово, соопшти Канцеларијата за Косово на Владата на Србија.
Пеќската патријаршија од средината на 14 век е историски трон на поглаварот на Српската православна црква и традиционално духовно седиште, а се наоѓа на списокот на културни добра под заштита на УНЕСКО.
Директорот на Канцеларијата Петар Петковиќ рече дека, во согласност со сите протоколи, испратиле соопштение до Приштина за плановите на поглаварот на СПЦ, но „наспроти сите договори, косовскиот премиер Албин Курти му ја ускратил можноста на патријархот да присуствува на првиот ден од Соборот на СПЦ и да биде поткрепа и потпора за својот народ и верниците“.
Порфириј во писмена изјава за медиумите најави дека „како српски патријарх, како граѓанин и како верник“ знае и порача „дека самиот Бог порано или подоцна ќе ја отвори таа врата“.
„Оние кои ги затворија вратите на молитвениот дом прават зло прво на себе, а потоа на сите луѓе“, рече Порфириј.