Македонија
Меџити: Oтворен новиот објект во Психијатриска болница Скопје

По повеќе од една деценија завршен е еден од најважните проекти во здравството во нашата земја, истакна министерот за здравство, Фатмир Меџити за време на отворањето на новиот објект, во ЈЗУ Психијатриска болница Скопје.
„Нешто кое со години чекаше да се заврши, конечно од денес почнува со работа. Новата болница е современа опремена, според меѓународни стандарди и јас сум уверен дека новите услови за работа ќе придонесат за поголем ентузијазам и поголема енергија на медицинскиот и немедицински персонал во секојдневното работење, посочи Меџити.
Тој информираше дека капацитетот на новиот објект е 68 болнички кревети и дека таму се наоѓа одделот за лекување и рехабилитација за пациентите поради зависност од алкохолизам, како и дека таму ќе се згрижуваат пациенти на кои им е потребно продолжено лекување, рехабилитација и ресоцијализација на пациенти, со нарушено ментално здравје. Еден дел од објектот е интерно одделение, наменето за третман на пациенти со ментални нарушувања и проблеми во соматското здравје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.