Контакт

Здравје

Д-р Хаус: Давање iPad на бебиња е еднакво на злоставување

Објавено пред

Давање iPad на бебиња е еднакво на злоставување, затоа што тоа е како да играме `руски рулет`  со нивниот развој, предупредува психологот д-р Ричард Хаус.

dobivaj vesti na viber

Докторот тврди дека уредите како таблети се непотребни, неприкладни и штетни за толку мали деца, особено за бебињата.Д-р Хаус, кој ја покренал кампањата  „Too Much, Too Soon” (Премногу, пребрзо), спровел истражувања во основни училишта, и констатирал дека младите се зависни од екрани.Пишувајќи за магазинот Nursery World, тој навел дека давање iPad на бебиња и на мали деца е вознемирувачки за нив, затоа што малите глави електронските слики ги доведуваат до `искривено искуство на светот`.„Зошто да ги збунуваме децата кога едвај почнале да го разбираат овој свет, не треба да ги воведуваме во виртуелниот техно-магиски свет“, вели психологот.Како што укажува тој, децата помали од две години не смеат да користат никаква технологија, особено екрани, а поголемите деца, родителите треба да ги ограничуваат што поретко да користат телефони и таблети.„Се чини дека ароганцијата на модерната технологија не познава граници. Врз основа на она што го тврдам овде давање iPad на бебиња е еднакво на злоставување на детето“, додава д-р Хаус./крај/к/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Паста диета: можете да изгубите 3 килограми за само 5 дена

Објавено пред

Диетата со шпагети трае само пет дена и ви овозможува да изгубите до три килограми. Кога избирате тестенини, обидете се да ги изберете оние од цело зрно, кои се особено богати со хранливи материи и витамини.

dobivaj vesti na viber

Ден 1.
Појадок: парче леб намачкано со крем сирење, украсено со киви одозгора.

Ручек: варени шпагети (70 г), за сосот користете половина кромид, 2 домати и 150 грама печурки на пареа и зачинете сè со лута пиперка.

Вечера: тестенини (70 г), пиперка (3 парчиња), 2 домати и малку рендано сирење.

Ден 2.
Појадок: чаша јогурт (1,5% масленост) со две лажици овесни снегулки и половина јаболко.

Ручек: сварете 70 грама тестенини, со 1 лажица доматен сос и тиквички.

Вечера: топли тестенини (40 г), 1 домат, маслинки, 3 млади кромиди и 40 г сирење. Зачинете со маслиново масло и сок од лимон.

Ден 3.
Појадок: овошна салата од мандарина, 1/2 јаболко, киви и 1/4 банана.

Ручек: шпагети (70 г), сос од 3-4 домати, грашок и 1 морков.

Вечера: 70 г сварени тестенини со сос (2 лажици доматно пире и малку кромид).

Ден 4.
Појадок: тост со сирење и парче киви.

Ручек: сварете 70 грама тестенини, послужете со 150 г варен зеленчук (грав, моркови, грашок, карфиол). Посипете со рендано сирење.

Вечера: шпагети (70 г), 1 краставица, портокал за десерт.

Ден 5.
Појадок: јогурт и јаболко.

Ручек: Сварете тестенини (70 г), додадете малку брокула (150 г), додадете рендано сирење, лук и пипер.

Вечера: 40 г тестенини со сирење, 4 маслинки и домати. Зачинете со 1 лажичка маслиново масло, сок од лимон и пипер.

Прикажи повеќе...

Забава

Едноставно, евтино и ефикасно решение за намалување на салото на стомакот – една намирница што сите ја сакаме

Објавено пред

Летото речиси започна, иако можеби не според календарот, но сме сведоци на жештините, па затоа е крајно време да се подготвиме за морето и новата сезона на бикини. Сепак, тие фрустрирачки наслаги околу стомакот едноставно не ве напуштаат? Не очајувајте, постои едноставно решение за тоа.

dobivaj vesti na viber

Нутриционистката Роксана Ехсани ја откри тајната за витка фигура: обичен, обезмастен грчки јогурт.

Висцералните масти, кои се акумулираат длабоко во стомакот, можеби се невидливи однадвор, но имаат сериозни здравствени последици. Го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања, дијабетес и други сериозни состојби. Но, и за тоа постои решение – променете ја исхраната.

Додадете обичен, обезмастен грчки јогурт во вашата исхрана. Студиите покажаа дека исхраната богата со протеини, калциум и витамин Д може да ги намали висцералните масти.

Грчкиот јогурт е богат со протеини, што ви помага да се чувствувате сити и спречува прејадување. Исто така, содржи пробиотици кои го поддржуваат здравјето на цревата.

Едноставно, евтино и ефикасно решение за намалување на салото на стомакот.

Прикажи повеќе...

Забава

Жени, внимавајте: популарната фризура може да предизвика опаѓање на косата

Објавено пред

Бројни секојдневни навики би можеле да имаат прилично негативно влијание врз вашата кожа и коса, а една специфична фризура може дури и да доведе до опаѓање на косата.

dobivaj vesti na viber

Експертот за нега на кожа и коса, д-р Сухаил Алам, за „Експрес“ изјави дека фризурите што премногу цврсто ја влечат косата можат да предизвикаат здравствен проблем.

„Фризурите што премногу цврсто ја влечат косата, како што се залижаните коњски опашки, можат да предизвикаат тракциона алопеција, форма на опаѓање на косата предизвикана од хроничен стрес врз фоликулите што се јавува како резултат на прекумерно влечење или затегнување на косата.“

„Истражувањето објавено во списанието на Американската академија за дерматологија покажа дека до една од три жени кои редовно носат вакви фризури доживуваат одреден степен на опаѓање на косата“, објасни д-р Сухаил.

Докторот, кој се занимава со трансплантација на коса со години, исто така истакна дека не треба да си легнувате со влажна коса. „Тогаш косата е послаба и посклона кон кршење. Вртењето на главата на перницата предизвикува триење и заплеткување на косата. Оставете ја косата да се исуши природно или нежно исушете ја со фен пред спиење.“

Исто така, памучните навлаки за перници можат да предизвикаат проблеми и за косата и за кожата. Д-р Сухаил предложи да се префрлите на свила и сатен, бидејќи тоа може да помогне во намалувањето на испуканите врвови и идните брчки на лицето.

Прекумерното миење е уште еден проблем што може да ја оштети вашата кожа и коса. Експертот открил дека на повеќето луѓе им е доволно да ја мијат со шампон два или три пати неделно и да го мијат лицето двапати на ден.

Дополнително, топлата вода може да ја уништи заштитната бариера на кожата, што доведува до сувост и чувствителност. За да се спречи ова, експертот советува водата да се одржува млака и да се ограничи туширањето на помалку од десет минути за да се одржи кожата хидрирана.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Приведени уште 13 полициски службеници за пожарот во „Пулс“

Во тек е акција под раководство на обвинител од Специјализираното одделение за полициски службеници, соопштија од Обвинителство за гонење на...

Свет7 часа

(Видео) Објавени се нови снимки од падот на Боингот во Индија

Авион на „Ер Индија“ што леташе за Лондон со 242 патници се урна кратко по полетувањето во близина на аеродромот...

Свет8 часа

(Видео) „Имаше тела насекаде околу мене, бев преплашен, станав и почнав да трчам“: британски државјанин го преживеа падот на авионот на Ер Индија

Британски државјанин кој ја преживеал падот на авионот во Ахмедабад го опишал моментот кога се случил. Според NDTV, шефот на...

Македонија8 часа

(Видео) Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Се знае ли кој е државен секретар во Министерството за култура?

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за култура и...

Македонија8 часа

Арсовска: Висар Ганиу фатен со криминално легализирање дивоградби со фалсификат, документи се доставени до обвинителство

„Висар Ганиу фатен со криминално легализирање дивоградби со фалсификат, за што документи се доставени до обвинителство и има изјави кои...

Европа9 часа

Зеленски: Трамп го препознава вистинското лице на Путин, тој гледа дека не е искрен

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за германскиот „Билд“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ги користи преговорите со Украина...

Македонија9 часа

Пожарот во Вардариште е во голема мера изгаснат, полека се враќа протокот на струјата

Пожарот во Вардариште е во голема мера изгаснат, но БППЗ Скопје во моментот се уште вршат догаснување, извести Центарот за...

Свет12 часа

(Фото) „Боингот“ се урна врз мотел за доктори, делови од авионот останаа во зградата

Патничкиот авион Боинг 787-8 Дримлајнер, управуван од „Ер Индија“, кој полета од Ахмедабад до Лондон утрово, се урна неколку минути...

Свет13 часа

(Видео) Луѓето трчаат да ги спасат преживеаните: детали по падот на авионот во Индија

Авион на Ер Индија со 232 патници и 10 членови на екипажот се урна во Ахмедабад, Гуџарат, како што потврди...

Македонија14 часа

Игуменот Георгиј избран за нов митрополит на Дебарско – кичевската епархија

Игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) е избран за нов духовен водач на Дебарско-кичевската епархија Тој е назначен на местото на упокоениот митрополит...

Македонија14 часа

Бројот на гости и ноќевања расте со историски 20% во однос на лани, целта ни е да стигнеме до четири милиони ноќевања, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски утрово при посетата на Машинскиот факултет историски успех го нарече зголемениот број регистрирани ноќевања и туристи во...

Македонија14 часа

Картел во фармацевтскиот бизнис – две веледрогерии го оштетиле буџетот за 1,1 милион евра

Вишиот управен суд со пресуда го потврди решението на Комисијата за заштита на конкуренцијата со кое утврди дека две големи...

Македонија15 часа

Трајко Славески со платa од 3.000 евра им порачува на граѓаните да работат по три работи, тоа е лицемерие на човек кој цел живот е во фотелји, велат од СДСМ

Новиот гувернер на Народната банка, Трајко Славески, според СДСМ, уште на почетокот го покажал својот вистински лик, надмен, без допир...

Македонија16 часа

Филипче со денови молчи за бугарската фирма, Обвинителството да поведе постапка, бара ВМРО-ДПМНЕ

Филипче со денови молчи за бугарската фирма Пауер Ај 8, која е во негова 100% сопственост, а ја основал на...

Свет17 часа

Германскиот министер за одбрана: Правиме сè што можеме за да ѝ помогнеме на Украина да се одбрани

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, пристигна во Киев за да разговара за воената поддршка за Украина во нејзината војна...

Македонија17 часа

За три дена, 109 повредени од Кочани доставиле барања и предлози на телефонската линија на Владата

109 граѓани за три дена од пуштање на телефонската линија за повредените лица и нивните семејства, која е во директна...

Свет1 ден

Вучиќ е единствениот кој не ја потпиша декларацијата за поддршка на Украина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги опиша денешните состаноци во Одеса на самитот „Украина-Југоисточна Европа“ како многу успешни, но тој...

Македонија1 ден

Меџити во Украина: Силно ја осудуваме руската агресија и бараме итно запирање на војната

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, Изет Меџити, денес учествуваше на Самитот...

Топ1 ден

Битолчанка сакала да ги убие своите баба и дедо, ги избодела со нож

Полицијата приведе жена од Битола која со нож ги избодела своите баба и дедо. „По овластување на јавен обвинител од...

Економија1 ден

Паушалите во сметките за струја ќе станат минато, Министерството за енергетика почна серија брифинзи за новиот закон

До 2031 година 80 отсто од граѓаните треба да имаат смарт броила, а првите веќе се очекува да бидат инсталирани...