Контакт

Македонија

Османи од Финска: Заеднички интерес на сите земји учеснички на ОБСЕ е да има претседавач за 2024

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, реализира официјална посета на Република Финска на покана на финската министерка за надворешни работи, Елина Валтонен. На средбата двајцата министри изразија заемни заложби за унапредување на билатералните односи и соработка помеѓу двете земји, кои оваа година одбележуваат 30-годишен јубилеј од воспоставувањето на дипломатските односи.

dobivaj vesti na viber

„Во денешната нарушена безбедносна архитектура свесни сме за разните предизвици со кои се соочуваме и само со заедничка работа може да ги надминеме, а ОБСЕ е еден важен сегмент во оваа насока“, истакна Османи во својство на претседавач со ОБСЕ. Упатувајќи честитки за претседавањето на Финска со ОБСЕ во 2025 година, истакна дека приоритет и заеднички интерес на сите земји учеснички на ОБСЕ е да се постигне консензус за изборот на претседавач за 2024 година.

Министерот Османи изрази благодарност за конзистентната поддршка од Хелсинки за нашиот пристапен процес во ЕУ и ја нагласи потребата од промена на пристапот во согласност со концептот „Повеќе интеграција пред ЕУ-членство“.

Поздравувајќи го членството на Финска како 31. НАТО-членка, Османи повтори дека остануваме посветени на одржувањето силни партнерски односи.

„Со приклучувањето кон алијансата Финска придонесува во заштитата на стабилноста и безбедноста на европскиот континент“, додаде министерот.

Министерката Валтонен ја реафирмира финската поддршка за евроинтегративниот процес на нашата земја и оддаде признание дека Северна Македонија постигна висок степен на исполнување на европската реформска агенда.

„Финска има долгогодишен силен интерес за Западен Балкан и ги поддржува своите партнери од Западен Балкан во исполнување на нивните евроинтеграциски стремежи. Проширувањето е важна долгорочна политика на Унијата и евроинтеграцијата е висок приоритет“, истакна финската министерка.

Во рамките на посетата министерот Османи оствари средба и со спикерот на финскиот парламент, Јуси Кристијан Хала-ахо, со кого размени мислења за нашата ЕУ-агенда, нашето ОБСЕ-претседавање со фокус на функционалноста, како и унапредувањето на парламентарната соработка.

Македонија

„Скајтракс“ го рангираше скопскиот аеродром меѓу првите 10 во Источна Европа

Објавено пред

Реномираната авијациска организација Скајтракс (Skytrax) го рангираше Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, меѓу најдобрите 10 аеродроми во регионот на Источна Европа, во рамки на својата програма наречена Светски Аеродромски Награди (Skytrax World Airport Awards).

dobivaj vesti na viber

Наградите кои Скајтракс ги доделува според гласовите на патниците, беа објавени на авијацискиот саем „Пасинџер Терминал Експо“ кој се одржа во Мадрид, Шпанија, каде што се собраа над 2.000 професионалци од авиоиндустријата, од повеќе од 120 земји во светот. Најдобрите аеродроми во Источна Европа за 2025 година, според Скајтракс се: 1. Будимпешта; 2. Софија; 3. Тбилиси; 4. Талин; 5. Рига; 6. Кутаиси; 7. Белград; 8. Букурешт; 9. Батуми; 10. Скопје.

„Како ТАВ Македонија оваа година ја славиме нашата 15-годишнина, што значи дека веќе 15 години посветено работиме со цел да им го понудиме најдоброто патничко искуство на нашите патници. Во рамки на Светските Аеродромски Награди на реномираната организација Скајтракс оваа година со Меѓународниот Аеродром Скопје влеговме меѓу најдобрите 10 аеродроми во Источна Европа. Навистина сме среќни поради ова признание и ќе продолжиме да работиме на подобрување на квалитетот на аеродромските услуги и целокупното патничко искуство”, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Покрај Меѓународниот Аеродром Скопје, уште 7 други аеродроми управувани од ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП, беа признати меѓу најдобрите аеродроми во светот, во рамки на наградите. Тоа се аеродромите во: Алмати – Казаxстан, Анкара и Измир – Турција, Батуми и Тбилиси – Грузија, Рига – Латвија и Медина – Саудиска Арабија.

Наградите на Скајтракс (Skytrax), наречени Светски Аеродромски Награди (World Airport Awards), се одредуваат преку резултатите од истражувањето за мислењето на патниците, кое беше направено од август 2024 до февруари 2025 година, односно во период од шест месеци. Притоа луѓе од над 100 различни националности оценуваа 575 аеродрома во светот, преку клучни индикатори за квалитет, опфаќајќи го патничкото искуство од услугите и од производите коишто се нудат на аеродромите.

Светските Аеродромски Награди се независна програма на авијациската организација Скајтракс кои функционираат од 1999 година и претставуваат глобален репер за совршеност на аеродромите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски на Делфи Економскиот Форум упати благодарност до Грција за помошта по трагедијата во Кочани

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес учествува на Делфи Економскиот Форум што се одржува во Грција, каде се обрати на панел-дискусија на тема: „Дали ЕУ – САД алијансата е надвор од поправка?“

dobivaj vesti na viber

Во своето обраќање, министерот се осврна на европската перспектива на земјите од Западен Балкан, важноста на регионалната соработка, стабилноста на регионот, стратешкото партнерство во рамките на НАТО, како и на соработката со САД и трансатлантската поврзаност, извести Министерството за надворешни работи.

Притоа, министерот Муцунски ја истакна важноста на регионалната поддршка, која особено се манифестираше по трагедијата во Кочани, упатувајќи искрена благодарност до Грција за покажаната солидарност и медицинска помош.

Министерот нагласи дека проширувањето на Европската Унија не е само економска и трговска неопходност, туку предуслов за политичка и безбедносна стабилност на целиот континент. Тој порача дека е неопходно да се обезбеди јасен и опиплив пат напред за регионот, кој ќе го врати кредибилитетот и ќе ги исполни очекувањата од процесот на европска интеграција.

Во однос на улогата на САД, Муцунски ја подвлече нивната клучна улога како инвеститор – не само во политичката и безбедносната, туку и во економската стабилност на регионот – истакнувајќи дека САД се меѓу највидливите и најсилните поддржувачи на процесот на проширување на Европската Унија, се додава во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Градоначалникот Стефковски: Изминатите три години успеавме да го вратиме спортот насекаде низ општина Гази Баба

Објавено пред

Вчеравечер се одржа првиот тематски настан на тема „Гази Баба за спортот“ на кој беа презентирани постигнатите резултати во областа на спортот во мандатниот период 2021 – 2025 година под раководство на градоначалникот Бобан Стефковски.

dobivaj vesti na viber

Пред присутните во своето обраќање, градоначалникот Стефковски ги истакна реализираните проекти во оваа област, а вооедно и ја најави реализацијата на проектите кои ќе следуваат во следниот период.

„Изминатите повеќе од три години успеавме да го вратиме спортот насекаде низ општина Гази Баба. Инвестиравме во спортската инфраструктура како никогаш претходно. Изградивме 27 спортски терени на најсовремена тартан подлога, а во деновите пред нас ќе изградиме уште 8 нови терени со тартан подлога. Изградивме и 5 спортски терени на подлога од вештачка трева, а за скоро од денес ќе изградиме уште 3 нови терени. За прв пат во општина Гази Баба изградивме 6 фитнес зони, а наскоро ќе изградивме уште 3 нови зони. Преку изградбата на нови училишни спортски сали обезбедуваме услови за реализација на часовите по физичко и здравствено образование. Изградивме училишни спортски сали во Булачани и Стајковци, а во тек е изградбата на нова сала во Црешево. Дополнително изградивме и два нови спортски комплекси во Стајковци и Хиподром кои соддржат терени за различни категории на спорт. Посебно сакам да ја истакнам финансиската поддршката која ја доделува општина Гази Баба на спортските клубови и индивидуалните спортисти. Во изминатите четири години доделивме 40 милиони денари директна финансиска поддршка за спортот во општина Гази Баба“, истакна Стефковски.

Тој пред присутните наведе дека сите спортски клубови и спортисти од Гази Баба се дел од победничкиот тим кој тој го предводи.

„Денес сите ние сме тука како еден голем победнички тим. Во нашиот тим се клубовите од сите категории на спортови, тренерите и играчите, таеквондистите и каратистите, фудбалерите, кошаркарите и други. Тука се и учениците и наставниците. Заедно тренираме и се натпреваруваме, едноставно заедно победуваме. На спортските терени има спортисти кои доаѓаат од различни средини, зборуваат на различни јазици и одат во различни храмови. Но сите овие разлики стануваат неважни, бидејќи сите ние заеднички во победите се радуваме, а во поразите тагуваме“, заклучи Стефковски.

На настанот беа доделени плакети на спортисти од општината кои во изминатиот период имаат постигнато врвни спортски успеси во Република Македонија но и надвор од неа. Плакети во знак на признание добија: Милијана Релиќ, Александар Илиевски, Марко Стојковиќ, Теодор Николовски, Андреј Митревски и Максим Митровски.

За успешна соработка во изминатите години, беа доделени плакети и на претседателите на ракометната федерација, таеквондо федерацијата и атлетската федерација на Македонија, како и на селекторот на ракометната репрезентација на Македонија Кирил Лазаров.

На настанот присуствуваа претставници на сите спортски клубови, спортисти, пратеници во Собранието на Република Македонија, членови на Советот на општина Гази Баба и други граѓани од општината.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Наместо оставки, членовите на Судски совет оправдуваат пресуди од две години затвор за убиство на млада девојка на пешачки, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Членовите на Судски совет со изгласана недоверба, наместо да поднесат оставки, оправдуваат пресуди од две години затвор за убиство на...

Македонија2 часа

Дел од онколошките пациенти повторно без лекови, СДСМ бара одговорност

Дел од онколошките пациенти повторно останаа без лекови. Oколу еден месец нема биолошка терапија за рак на дојка, а деновиве снемало...

Македонија2 часа

Свлечиште во Битолско блокира пат

РЦУК Битола, известува дека поради настанатото свлечиште на патот што ги поврзува село Долно Дивјаци, Општина Крушево и село Кочишта...

Македонија2 часа

Потрагата по исчезнатото повозрасно лице од Степанци во Штипско продолжува

Исчезнатото повозрасно лице од село Степанци во Општина Штип продолжува, кое е пријавено за исчезнато на 07.04.2025 година во 16:20...

Европа2 часа

(Видео) Обилен снег паѓа во Анкара

И покрај тоа што е речиси половина од април, месецот кој повеќето го поврзуваат со пролетта, утрово во турската престолнина...

Регион3 часа

(Видео) Орбан го поддржа Вучиќ: „Вашата борба е и наша“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати порака со поддршка до српскиот претседател Александар Вучиќ во која порача дека српските патриоти можат...

Свет3 часа

(Видео) Директор на Сименс Шпанија, неговата сопруга и трите деца загинаа во хеликоптерска несреќа во Њујорк

Попладневното патување на семејство шпански туристи над замаглениот брег на Менхетен се претвори во трагедија кога хеликоптерот во кој се...

Свет4 часа

Златото достигна рекордно високо ниво поради стравувањата од трговска војна меѓу САД и Кина

Цената на златото достигна нов рекорд бидејќи расте загриженоста за трговската војна меѓу САД и Кина. Една унца злато сега...

Свет4 часа

(Видео) Се урна хеликоптер во Њујорк, шест лица загинаа, меѓу кои и деца

Неколку служби за итни случаи реагираа вчера вечер на извештајот за пад на хеликоптер во реката Хадсон, недалеку од западниот...

Македонија13 часа

Уште неотворена, новата градинка во Бутел демолирана – хулигани искршиле врати и прозорци, штетата е голема

Вандализирана е новата детска градинка во Бутел 1, објави градоначалникот Дарко Костовски. Вели дека МВР веќе има лоцирано осомничени лица,...

Топ14 часа

„Ќе ве убијам и тебе и татко ти ако излезе видеото“ – скопјанец се снимал додека пука со автоматска пушка, па се заканувал

Скопското обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка за 35-годишник кој во неговиот дом во Кондово неовластено држел полуавтоматски пиштол...

Македонија18 часа

Судски совет за пресудата за Теодора – судијата не можел да пресуди повисока казна

Судскиот совет ја разгледа пресудата за возачот кој ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска во Тетово со која беше осуден на...

Македонија19 часа

МВР со апел: Не отворајте линкови од сомнителни мејлови и не давајте податоци на сомнителни веб-страни

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Секторот за компјутерски криминал активно презема мерки за истраги и справување со...

Македонија21 час

Уште еден пациент од Бугарија се враќа дома, во странство остануваат да се лекуваат уште 55 повредени

Министерството за здравство информира дека денеска се враќа еден пациент, кој беше на лекување во Бугарија. Во странство во моментот...

Македонија21 час

Истрага за 43 лица за измами со брзи кредити: осомничен и службеник во ФЗО

Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти дека поведува постапка против вкупно 43 лица, кои со разни дејства на компјутерски измами,...

Македонија23 часа

Изгаснат пожарот спроти Клиничкиот центар во Скопје, изгоре возило

Изгаснат е пожарот спроти Клиничкиот центар во Скопје. Во пожарот изгоре возило, а густиот чад се гледаше и од центарот...

Македонија1 ден

Продолжува потрагата по исчезнатото лице од село Степанци, ќе се вклучат и извидници и ловци

Потрагата по исчезнато повозрасно лице од село Степанци во општина Штип продолжува, кое е пријавено за исчезнато на 7.4.2025 година...

Македонија1 ден

ДУИ го осуди именувањето на Богојевски за раководител на Агенцијата за европски образовни фондови: Ова е провокација

„Демократската унија за интеграција најостро ја осудува одлуката на Владата за именување на Петар Богојевски за раководител на Агенцијата за...

Македонија1 ден

Политика, мито и корупција има зад пресудата за смртта на Теодора, оценува семејството Ристовски

Семејството на Теодора Ристовска која беше смртно прегазена во 2022 година иразува благодарност до јавноста, медиумите и премиерот Христијан Мицкоски...

Свет1 ден

Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб „Џет сет“ се искачи на 184

Бројот на загинати во уривањето на покривот во ноќниот клуб „Џет Сет“ во Санто Доминго се искачи на најмалку 184,...