Спорт
Пике: Никој нема да ја памети последната титула на Реал во ЛШ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/Davis-Cup-chief-Gerard-Pique.jpg)
Поранешниот играч на Барселона, Жерар Пике со една изјава ги налути сите фанови на Реал Мадрид.
Пике, кој често е во медиумите поради разделбата со поранешната партнерка Шакира, сега гостуваше на „RAC1“ и зборуваше за фудбалот, а неизбежна тема беа Барселона и Реал Мадрид.
Во врска со Реал Мадрид, Пике рече дека „ние сме во земја во која има повеќе луѓе од Мадрид отколку од Барса и тоа е главен град, ние секогаш ќе бидеме оние кои ќе бидат на страна и ќе се обидуваме да им бидеме пречка“.
„Не мора да навлегуваме во овие војни и да се пробиваме по нашиот пат, кој е тесно поврзан со нашето ривалство, но би се обидел да се фокусирам на тоа кои сме. Глупаво е да се каже дека победувавме со помош на судиите кога тоа го направивме на начин што со одлична игра ги уништувавме нашите противници на теренот“, додаде Пике.
„Кога ние победуваме, не паметат за секогаш, кога тие победуваат, тоа е уште еден трофеј. Последната титула во Лигата на шампионите беше чудо затоа што беа инфериорни на секој натпревар, но никој нема да го памети тоа“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Димитирјевиќ замина од УНИКС, следна станица Милано
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/maxresdefault-1.jpg)
Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ по две години го напушти УНИКС, соопшти рускиот клуб.
Како што соопшти клубот од Казан, 26-годишниот репрезентативец на Македонија е слободен да избере каде ќе ја продолжи кариерата.
Во претходните две сезони Димитријевиќ беше најдобар играч на клубот и во ВТБ лигата. Тој одигра вкупно 50 натпревари во ВТБ лигата со просек од 18,6 поени, 3,6 скока и 1,2 украдени топки на 30 минути игра.
Италијанските медиуми објавија дека Димитријевиќ веќе има договор со челниците на Олимпија и дека до крајот на неделата ќе стане член на клубот од Милано.
Спорт
(Видео) Австрија пресилна за Полска – Прв триумф за Австрија, втор пораз за Полска на ЕП
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/12317338.jpg)
Австрија ја победи Полска со 3:1, во Д групата на Европското првенство во Германија. Австријците со оваа победа се доближија до осминафиналето, додека на Полска ќе и треба чудо во последното коло за да избори место во нокаут фазата.
Австрија во овој момент е посилна селекција од Полска и тоа го покажа на терент на Олимпискиот стадион во Берлин.
Траунер го постигна првиот гол во деветтата минута, но Полјаците успеаја да изедначат преку Пјонтек по половина час игра.
Конечниот удар Австријците го зададоа во втората половина од второто полувреме. Баумгартнер во 66.минута со гол ја заврши одличната тимска акција,а 12 минути подоцна Сабицер избори пенал. Сигурен реализитор беше Арнаутовиќ.
Во последното коло Австрија ќе игра против Холандија, а Полска против Франција.
Спорт
Легендарниот фудбалер Фалкао има нов клуб
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/falkao1.jpg)
Иако е во доцните играчки години, Радамел Фалкао не планира да застане.
Откако му истече договорот со Рајо Валјекано, се огласи и неговиот нов клуб.
Тоа е – Милионариос.
И сето тоа 23 години откако го напушти овој клуб како 15-годишник.
Фалкао зад себе има импресивна кариера, играше за Ривер, Порто, Атлетико Мадрид, Монако, Манчестер Јунајтед, Челзи, Галатасарај и Рајо.
За Колумбија, за која уште настапува, одигра 104 натпревари и постигна 36 голови.