Црна хроника
Пронајдени оружје и муниција при претреси во Битола и Ресен

При претреси во Битола и Ресен пронајдени оружје и муниција.
Денеска, полициски службеници од СВР Битола, со судски наредби, извршија претреси на повеќе локации во Ресен и Битола поради сомнение за сторени кривични дела по член 396 од Кривичниот законик.
При претрес во домот на К. Р. (41) во с. Штрбово, Ресенско, биле пронајдени три пушки, три пиштоли во различен калибар и поголемо количество муниција, исто така во различен калибар.
Тој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. Во импровизирана работилница во Битола, сопственост на Б. Г. (76) од Битола, биле пронајдени шест пушки (две ловечки, три воздушни и една импровизирана) и поголема количина разни делови за оружје. Б. Г. е повикан на службен разговор во полициска станица.
По целосно расчистување и документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 30-годишник од Скопско поради тешка кражба, одреден му е притвор

На 14.10.2025 часот во 17:30 часот во трговски центар на подрачје на Карпош во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот М.А. од село Глумово, скопско поради извршено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.
Лицето по насока на Јавен обвинител беше задржано во Полициска станица и по комплетирање на доказниот материјал во координација со ОЈО Скопје истиот на 15.10.2025 година е изнесен пред судија на претходна постапка, при што му е одредена мерка притвор.
Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.