Скопје
Герасимовски: Наградата „Феникс“ е мотив за нови успеси на центарци

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, денеска ја додели највисоката општинска награда „Феникс“ за особени постигнувања во стопанството, уметноста, воспитувањето и образованието, спортот и во повеќе области од трудот и творештвото.
Честитајќи им на наградените, Герасимовски рече дека Општината ќе продолжи да ги мотивира и вреднува успесите на своите граѓани, кои со своите постигнувања ја промовираат општината во државата и светот.
„Општина Центар се гордее со вашите резултати и постигнувања. Наградата нека биде поттик за постигнувања со кои ќе се афирмираат нашата општина и државата“, истакна Герасимовски.
Во категорија наградени поединци и групи творци се:
Енис Бајрам за постигнувања во заштита и спасувањето, Валентина Ангелковска, за постигнување во образованието. Во категоријата наградени ученици и студенти се: Марко Пиперевски за постигнување во природните науки, Ива Амелија-Микулчиќ за постигнување во уметноста, Мартина Лазаревска за постигнување во спортот, Лукијан Лазаров за постигнување во литературата. Наградените граѓани добија дипломи и паричен износ од 30.000 денари.
Со наградата „Феникс“, Општина Центар ги поддржува центарци и веодно ги мотивира да останат успешни во развојот и афирмација на општината во државата и надвор од неа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја дел од Илинден

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:00 – 15:00 часот, корисниците од улицата 9 во населба Илинден. (Општина Илинден)
Македонија
Орце Ѓоргиевски: „EXIT“ доаѓа во Скопје!

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓоргиевски, информира дека е постигнат договор со основачот на „EXIT“ фестивалот, Душан Ковачевиќ, од следната година Скопје да биде нова дестинација на една од водечките европски фестивалски групации.
„Убеден сум дека бренд како „EXIT“ значително ќе го зголеми квалитетот на забавниот живот и културната понуда на Скопје и Македонија. Тоа ќе ја стави нашата метропола на мапата на топ дестинации за посета на огромен број туристи, бидејќи граѓаните на Скопје и Македонија го заслужуваат најдоброто“, изјави Ѓоргиевски.
Со ова Скопје ќе се вброи меѓу европските градови кои се дел од мрежата на еден од најпрестижните музички фестивали во Европа, што ќе значи и нова енергија, нови инвестиции и зголемување на туристичкиот потенцијал на главниот град.
Скопје
Пет лица повредени, една жена во критична состојба во сообраќајка во Скопје

Пет лица се повредени во сериозна сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 19:30 часот на улицата Христијан Тодоровски Карпош во Скопје, соопшти СВР Скопје.
Според полицијата, несреќата се случила помеѓу патничкото возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С. (41), и „поло“ управувано од А.Ш. (30). Најтешко повредена е сопатничката од „поло“ возилото, Х.С.Ш., додека возачот А.Ш. и другата сопатничка Ш.Ш. (57) се здобиле со телесни повреди.
Повреди добиле и возачот на „голф“ З.С. и неговиот сопатник Ѓ.Х. (42), кои се згрижени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, а причините за сообраќајката се во тек на истрага.