Скопје
Герасимовски: Општина Центар продолжува преку графити да ги слави македонските уметници
Со цел да го збогати визуелниот изглед на објектите, Општина Центар изработува мурали и графити на одредени локации во општината.
Од вчера муралот на македонскиот доајен Александар Џамбазов го краси ѕидот на улицата Орце Николов во Дебар Маало, во близина на гостилницата „Наџак“. Муралот го насликаа уметниците Драган Китановски-Драш и Марјан Димиќ-Мачка.
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, најавува настан со учество на познати македонски уметници и членовите на хорот „Златно славејче“ на 25 јануари в година кога ќе се одбележи двегодишнината од неговата смрт.
„Навистина е задоволство да се има муралот на доајенот Александар Џамбазов, кој со својот неверојатен творечки опус остави неповторлив белег во својата професија и нашата историја. Тој беше автор на детски песни, иницијатор за формирање на фестивалот ‘Златко славејче’, пишувач на сценска и филмска музика, македонски диригент и композитор и великан на современата македонска музика. Настанот на 25 јануари ќе претставува своевидно потсетување на музичкиот опус на основачот на детскиот фестивал и доајен, Александар Џамбазов“, вели Герасимовски.
Минатата година за 70. роденден на Горан Стефановски, градоначалникот Горан Герасимовски, со наслов „Од Горан за Горан“, подари мурал од Стефановски насликан на ООУ „Коле Неделковски“. Летово, на Културниот центар „Јадро“ и на ООУ „Димитар Миладинов“ насликани беа графити инспирирани од 60-тата годишнина од земјотресот во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски: На денешен ден Скопје ја дочека слободата, тие херои се бореа за идеја, за достоинство, иднина
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, извести дека утрово ја одржал традиционалната средба по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, со претставници од Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.
„На денешен ден Скопје ја дочека слободата донесена од 42. и од 50. народноослободителна дивизија на македонската војска и од 16. македонска бригада по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор. Тие херои се бореа за идеја, за достоинство, иднина, за Скопје какво што денес го имаме. Нашата должност е да ја чуваме нивната жртва жива со тоа што ќе го градиме Скопје како град на слободни, горди и обединети луѓе“, напиша Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување приклучок на улицата Александар Урдаревски бб за Полициска станица Бутел во населба Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на две куќи од улицата Александар Урдаревски, во општина Бутел.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.

