Контакт

Скопје

Ѓорѓиевски: Обезбедивме средства за фотоволтаици за сите училишта и за набавка на комбиниран ровокопач-натоварувач

Објавено пред

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес заедно со директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи, го потпиша договорот преку кој Општина Кисела Вода добива средства за набавка на комбиниран ровокопач-натоварувач. Се работи за проект на Бирото за регионален развој- Министерство за локална самоуправа, за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој за 2023 и 2024 година. За комплетна реализација на овој проект Општина Кисела Вода средства обезбедува и преку сопствено кофинансирање.

dobivaj vesti na viber

Поседувањето на комбиниран ровокопач-натоварувач (багер) за Општина Кисела Вода значи големо финансиско олеснување бидејќи истиот се користи за чистење и одржување на поголемите канали и мини депониите, за што се ангажира надворешна фирма. За овој издаток, Општина Кисела Вода годишно издвојува од 10 до 11.5 милиони денари, извести општината.

Воедно, денес Општина Кисела Вода доби и финансиски средства за набавка на фотоволтаици на сите основни училишта на своја територија. Преку овој Договор за реализација на проект во Скопски плански регион, во кој повторно Општина Кисела Вода учествува и со сопствени средства, ќе се постават фотоволтаични системи, со што се штити животната средина, се подобруваат условите за учење и се врши заштеда во сметки за електрична енергија. Инвестирањето во обновлива енергија е светски тренд кој Кисела Вода успешно го имплементира и се очекува да даде резултати, кои се многу важни и потребни во услови на огромна економска криза во која се наоѓа Македонија, се додава во соопштението на општина Кисела Вода.

Скопје

Герасимовски: Мотивиран кадар во градинките дава резултати

Објавено пред

Општина Центар и оваа година додели 12 награди и пофалници за најдобрите воспитувачки, негувателки, соработници и помошно-технички персонал од детските градинки.
,,Професионалниот, посветен и мотивиран кадар е од голема важност во процесот на воспитувањето, негата, квалитетното згрижување и образување на нашите најмали.
Раното детство е клучно за севкупниот развој на личноста. Затоа е од витална важност персоналот што работи во предучилишните установи да биде на ниво на задачата, а децата да се развиваат, растат и учат во средина што е стимулативна и безбедна. Само така ќе им обезбедиме успешен старт во животот.
Како Општина ќе продолжиме да ве поттикнуваме и мотивираме во таа благородна мисија“, истакна градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, честитајќи им на вработените за добиените награди.

dobivaj vesti na viber

Наградите во износ од 30.000,00 денари се доделени, согласно општинската Програма за здравствена, социјална заштита и заштита на децата, а врз основа на претходно утврдените критериуми за вреднување на работата на вработените во детските градинки во Општина Центар.

Настанот се одржа во матичниот објект на ЈУДГ „13 Ноември“, а беше организирана и детска ликовна изложба, при што за најдобрите трудови беа доделени пофалници.

Општина Центар секоја година доделува парични награди и благодарници за вработените во градинките што се истакнале во својата дејност, со цел дополнително да ги мотивираме сите оние што директно или индиректно придонесуваат во работата со деца, соопштија од оваа општина.

Прикажи повеќе...

Скопје

Дел од неколку скопски општини без струја

Објавено пред

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· од 08:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од с. Студеничани. (Општина Студеничани)

· од 09:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: Ринхини и Езерци во нас. Влае. (Општина Карпош)

· од 10:00 – 12:00 часот, корисниците од ул. Пелистерска бр. 2, во нас. Карпош 3. (Општина Карпош)

· од 13:00 – 14:30 часот, корисниците од дел од ул. Миле Поп Јорданов, (објектите во околината на Градинката Пролет). (Општина Карпош)

Прикажи повеќе...

Скопје

Реконструирана училишната спортска сала во основното училиште „Мирче Ацев“

Објавено пред

Општина Ѓорче Петров финишира со реконструирањето на училишната сала во основното училиште „Мирче Ацев“, која е веќе пуштена во употреба.

dobivaj vesti na viber

При реконструкцијата изведен е менување на подот во салата, каде што беше поставен нов гумиран под, бојадисување, молерисување на ходникот и кабинетот на наставникот по физичко образование, целосно нова вентилација и опремување со нови спортски реквизити, извести Општина Ѓорче Петров.

Овој проект беше неопходен за нормално одвивање на часовите по физичко образование на основците. Со неговото завршување направен е чекор плус во создавањето добри услови за настава во една од шесте образовни институции во Ѓорче Петров.

Проектот е реализиран во соработка со Министерството за образование и наука, се додава во соопштението на Општина Ѓорче Петров.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Иљази им забрани на докторите од Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Економската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, им забрани на вработените на Клиниката за токсикологија да даваат медиумиски изјави...

Македонија3 часа

Повеќе од 100 отсто зголемен бројот на претставки за дискриминација во 2023 година, Комисијата се жали на ограничен буџет и малкумина вработени

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација минатата година добила двојно повеќе претставки во однос на 2022 година. Денес, Комисијата...

Топ3 часа

Загина маж во Кичевско: со возилото излетал од патот

Вчера во 13.00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат А2, кај с.Трапчин Дол, кичевско, патничко возило...

Топ4 часа

Тело на маж извлечено од Вардар кај Камениот мост – засега не е познат неговиот идентитет

Вчера, околу 20 часот, тело на машко лице било забележано од водите на реката Вардар во Скопје. Според изјавите на...

Македонија4 часа

Одземен имунитетот на судијата Наќе Георгиев, Обвинителството отвори истрага и против Мемети, но за него не се бара притвор

Обвинителството отвори истрага за врховниот судија Наќе Георгиев и за членот на Советот на јавните обвинители, Иџет Мемети, кои се...

Македонија5 часа

МВР утврди неправилности: забавниот парк со панорамско тркало во Карпош ќе биде отстранет

Постапувајќи по допрен глас дека во Скопје, на подрачјето на општина Карпош, поточно пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, без соодветни...

Свет5 часа

Франција го поддржува Хаг во повикот за налог за апсење на Нетанјаху

Министерството за надворешни работи на Франција соопшти дека ја поддржува независноста на Меѓународниот кривичен суд и неговата борба против неказнивоста...

Македонија5 часа

Претрес и кај Иџет Мемети во случајот со барањето поткуп

Синоќа, по наредба на судија на претходна постапка, извршен е претрес во домот на членот на Советот на јавните обвинители,...

Свет6 часа

Најмоќната серија земјотреси во последните 40 години: јужна Италија за пет часа регистрира 150 потреси

Речиси 150 земјотреси, најсилни во последните 40 години, се регистрирани вчеравечер и утринава на полињата Флегра во близина на Неапол...

Свет7 часа

Едно лице загина во напад со украинско беспилотно летало во регионот на Белгород

Една жена загина, а три лица се повредени во напад со дрон на Вооружените сили на Украина врз автомобил во...

Свет7 часа

Најмалку 10 лица повредени од удар на гром во Дрезден

Најмалку десет лица се повредени, од кои четворица потешко, во удар на гром за време на краткото, но силно невреме...

Свет7 часа

Во Полска уапсени девет лица за акти на саботажа во име на Русија

Полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека полицијата уапсила девет лица кои извршиле саботажа во Полска за услугите на Русија. „Во...

Македонија20 часа

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Врховниот судија Наке Георгиев е уапсен поради сомнеж за примање поткуп. „Денеска 20 мај, лишен од слобода е судија од...

Свет21 час

Нови детали за трагедијата во Иран: технички дефект е причина за падот на хеликоптерот, јавуваат иранските медиуми

Причината за падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ебрахим Раиси е технички дефект на леталото, јавува иранската...

Топ1 ден

За пари, син со нож му се заканувал на таткото во Велешко

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице од селото Раштани за кое постои сомнение дека сторило кривично дело загрозување...

Македонија1 ден

Шверцувале мигранти од Босна и Херцеговина во Хрватска: на цариниците им плаќале по 1.500 евра

По спроведена истрага, УСКОК поднесе обвинение пред судот во Осиек против групата, во која беа вклучени двајца царински службеници, осомничени...

Економија1 ден

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука...

Македонија1 ден

Данела Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

За Денот на пожарникарите, 20 Мај, Бригадата за противпожарна бригада на Скопје доби уште едно ветување за поголема плата и...

Македонија1 ден

Владата нема испратено пораки за надомест, граѓаните да не наседнуваат на измамата и да не внесуваат лични податоци на веб-страницата

„Владата на Република Северна Македонија нема испратено СМС и други пораки во кои нуди надомест. Во конкретниот случај, кој се...

Топ1 ден

Загина кумановец, возилото во кое се превезувал излетало од патот

Вчера околу 15.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, атар на с.Агино Село, кумановско,...