Црна хроника
Кривична за полицаец од Струмица: со негово возило однел затвореник да си заврши работа, па го вратил

ОВР Валандово поднесе кривична пријава против Р.М.(42) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Тој на 23.10.2023, во својство на вработен како затворски полицаец во КПУ – Затвор Струмица, во договор со осуденик кој издржувал казна затвор, со своето моторно возило го пренел до с.Јосифово за да завршат работа со негова роднина и го вратил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Кривична против градоначалникот на Крива Паланка и двајца вработени во општината: ја злоупотребиле службената положба

СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.П.(59), М.К.(41) и С.М.(38), сите од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Првопријавениот К.П., вработен во општина Крива Паланка, спротивно на Законот за градење и спротивно на своите работни задачи и обврски, изготвил решение за промена на инвеститор, иако рокот на одобрението за градење, кое го поседувал инвеститорот, бил изминат.
Второпријавената М.К.-раководител на Одделение за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина при општина Крива Паланка, спротивно на своите работни задачи и обврски, не извршила должен надзор и контрола на решението за промена на инвеститор и со потпишување го одобрила како важечко, со што му овозможила на Г.С. од Крива Паланка да ја продолжи претходно започнатата градба на куќа со деловен простор без да поседува важечко одобрение за градење.
Третопријавениот, како градоначалник на општина Крива Паланка, не извршил должен надзор и контрола на издаденото решение за промена на инвеститор и со потпис или факсимил и печат на општината го одобрил како важечко.
Црна хроника
Сообраќајна несреќа помеѓу возило „киа“ и мопед во Охрид: тешко повредена 50-годишна жена

Вчера во 12.40 часот, на крстосница од ул.„Галичица“ со ул.„8 Септември“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки управувано од 21-годишната Е.М. од Охрид и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од Б.С.(50) од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.С., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид.
По наредба на Јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.
Црна хроника
Стружанец го запалил отпадот во својата нива, па предизвикал пожар и во околината

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.Ч.)42) од Струга.
Tој се сомничи за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Имено на 20.04.2025 во негова нива на регионалниот пат Струга-Калишта го запалил отпадот, од кој настанал пожар кој се проширил на дрвена барака и на нискостеблеста вегетација.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Струга.