Македонија
Грковска од Атланта: Да се обединиме и да ги урнеме стереотипите, жените имаат интегритет, професионалност и упорност во справувањето со корупцијата
Во рамките на Конференцијата на земјите потписнички на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата, што се одржува во Атланта, САД, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, како шеф на делегацијата на Република Северна Македонија во соработка со Светската банка и владата на Јужна Африка организира панел-дискусија на тема „Зајакнување на жените во областите на добро владеење и антикорупција“.
Таа истакна дека стереотипите за улогата на жените во општеството, за жал, сѐ уште се многу присутни во регионот, а во исто време проблемот со родово базираниот говор на омраза е огромен преку кој не само што се нагласени стереотипите кон жените туку е загрозен и личниот интегритет.
Вицепремиерката Грковска ја искористи можноста да го презентира Форумот на Југоисточна Европа за жени лидерки во процесите на добро владеење и антикорупција (SEEGGACWLF), кој на нејзина иницијатива, а со поддршка на UNODC, UN Women и Регионалната антикорупциска иницијатива беше формиран во март оваа година.
Таа истакна дека овој Форум е еден вид платформа која овозможува поддршка на сите жени кои се соочиле со непринципиелни напади, само поради тоа што имаат интегритет и се професионални во својата работа, но претставува и мрежа за интензивна комуникација, размена на искуства и идеи.
„Нашата цел е да го промовираме и да го поддржиме женското лидерство, да го зајакнеме учеството на жените и нивниот глас за јавните прашања, но и во исто време да го промовираме придржувањето до принципите на добро владеење, владеење на правото, како и еднаков пристап до правдата. Со еден збор, да се обединиме и да ги урнеме стереотипите“, нагласи Грковска.
Таа додаде дека регионалниот контекст на овој Форум е повеќе од потребен поради сличниот контекст на општествата во целиот регион од Југоисточна Европа.
Вицепремиерката Грковска истакна дека Форумот се фокусира и на младите, кои, како што нагласи, заедно со жените се носители на промените. Таа се осврна и на активностите што нејзиниот Кабинет ги реализира во делот на кампањата „Зависи од мене и тебе“, нагласувајќи дека со младите мора да се зборува за вистинските вредности, за системот кој сите ние го сочинуваме, и за промените за кои сите ние можеме да придонесеме, бидејќи тие се идните носители на одлуки во општеството.
На панелот, покрај вицепремиерката Грковска, учествуваа и Џоди Гласов, извршна секретарка на одборот за санкции на Светската банка, адвокатот Лекгоа Мотиби, шеф на специјална истражна единица од Јужна Африка, како и Вероника Драгалин, шефица на Обвинителството за справување со корупцијата на Република Молдавија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

