Топ
Запленети речиси 1.700 пиротехнички средства, приведени две лица

Синоќа, во 18.50 часот, од страна на полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп, на улицата Ѓорѓи Абаџиев во Прилеп, поради сомнение за сторено кривично дело по чл. 396 од КЗ лишен од слобода е С. Б. (51) од Прилеп.
При преглед кај него пронајдени и одземени биле 1.620 пиротехнички средства.
По целосното документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Исто така, на 14.12.2023. од страна на полициски службеници од СВР Битола. на патот А3 Битола – Прилеп, во близина на бензинска пумпа, при преглед на Д. Т. (25) од Битола, пронајдени се пиротехнички средства. По целосното документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Мелони денеска е кај Трамп: Ова е можеби единствената шанса на ЕУ

Во текот на денешниот состанок во Вашингтон, италијанската премиерка Џорџа Мелони ќе се обиде да го спречи американскиот претседател Доналд Трамп да воведе нови царини за Европската унија. Иако Мелони не е првиот избор на Брисел за преговори со Трамп, таа би можела да биде единствената, пишува Политико.
„Имаме сила, способност и интелигенција да ја надминеме секоја нова пречка. Веќе надминавме некои тешки пречки, а ќе има уште пред нас“, рече Мелони пред нејзиното заминување во САД, нагласувајќи дека ќе се обиде да му објасни на Трамп зошто новите трговски мерки сериозно ќе влијаат на европската економија.
„Мораме да избегнеме трговска војна колку што можеме, бидејќи тоа само ќе го ослабне Западот“, додаде таа.
Трамп, кој претходно ја пофали Мелони како „прекрасна личност“ и ја покани на својата инаугурација во јануари, е познат по тоа што ги стави личните односи во центарот на дипломатијата. Белата куќа очекува дека Мелони ќе ја искористи средбата за да се обиде да создаде простор за договор, во време кога американско-европските трговски тензии повторно се во фаза на ескалација.
Минатата недела Трамп привремено ги одложи најавените царини и рече дека европските земји го контактирале „бакнувајќи му го задникот“, што предизвика загриженост во Брисел за симболиката на пристигнувањето на Мелони во овој момент.
Нејзината блискост со светот на Трамп дополнително ја подгрева недовербата кај европските сојузници, кои стравуваат дека пораките што таа ќе ги пренесе би можеле да се разликуваат од оние што ги испраќаат францускиот претседател Емануел Макрон или британскиот премиер Кир Стармер.
Според аналитичарите, Мелони успеала да се претстави како „трансатлантичарка“ и политичарка која и покрај екстремно десничарските корени соработува со ЕУ, но гради и специфичен однос со Белата куќа. Токму поради оваа двојна позиција, европските лидери ги полагаат своите надежи во нејзината способност да изнуди трговски договор, но и да влијае на политиката на Трамп кон војната во Украина.
Македонија
Времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица

Синтек Инженеринг известува дека отпочнува времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 17.4.2025 до 31.5.2025, поради изведба на реконструкција на десната тунелска цевка на Тунел Т2. Десната тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во левата тунелска цевка, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Европа
Русите го нападнаа Днепар со дронови: двајца загинати, меѓу повредените и деца

Русија синоќа изврши масовен напад со дрон врз градот Днепар во југоисточна Украина, при што загинаа две лица.
Серхиј Лисак, гувернер на регионот Дњепропетровск, извести дека загинале две жени, а во моментов се знае дека се повредени 16 лица. Меѓу повредените има три деца, девојче на само девет месеци и момчиња на возраст од шест и единаесет години. Пет лица во моментов се на болничко лекување.
🇷🇺 Slavyangrad on Telegram posted this picture of Dnepropetrovsk hit by Geranium-2 drones
🕊️ℹ️ IMO given the necessary time, Russia will seek to liberate Dnipropetrovsk, Zaporizhzhia, Kharkiv, Kherson, Mykolayiv and Odessa pic.twitter.com/LzKGcLGk9F
— 🇿🇦🇨🇺🇵🇸 White EFF Fighter (@lula_leftist) April 17, 2025
Покрај тоа, Лисак додаде дека нападите предизвикале неколку големи пожари кои оштетиле приватни домови и згради, како и образовна институција. Борис Филатов, градоначалникот на Днепар, додаде дека руските беспилотни летала го гаѓале и градското собрание.
Претходната ноќ, црноморскиот пристанишен град Одеса повторно беше мета на руски беспилотни летала, а за време на тој напад беа повредени три лица, а беа предизвикани и пожари, како и оштетувања на куќите и цивилната инфраструктура.