Свет
Иранската револуционерна Гарда: Израел ќе плати за убиството на командантот Реза

Иранската револуционерна Гарда (ИРГЦ) објави денеска дека израелскиот режим ќе плати за убиство на командантот и советник на системот на ИРГЦ Сирија во Сирија.
„Нема сомнение дека бруталниот и узурпаторски ционистички режим ќе плати за ова злосторство“, се вели во соопштението, пренесува „Ирна“.
ИРГЦ потврди дека Мусави е убиен во напад во близина на Дамаск.
Претходно, иранските медиуми објавија дека тој е убиен во предградието на Дамаск затоа што израелските сили го сметаат за одговорен за воена соработка на Иран и нивните приврзаници во регионот, пренесува Танјуг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кина одговори – ги зголемува царините за увоз од САД на 84 отсто

Кинеското Министерство за финансии денеска објави дека ги зголемува царините за увоз од САД од 34 на 84 отсто како одмазда за давачката што ја воведе Вашингтон на нејзиниот извоз.
Претходно денеска, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан, изјави дека Кина ќе продолжи да презема решителни и силни мерки за заштита на своите легитимни права и интереси.
Тој посочи дека Кина нема да дозволи никој да го лиши кинескиот народ од своето легитимно право на развој, како и дека нема да дозволи штета на кинеските интереси, објави „Глобал тајмс“.
Денеска, стапија во сила новите царини што САД им ги воведуваат на земјите во светот, вклучително и онаа од 104 отсто за Кина.
Регион
(Видео) Српската полиција приведе демонстрант и го стави во автомобил, тој излезе од другата врата

На социјалните мрежи се споделува видео снимено за време на вчерашниот протест во Нов Белград кога жителите протестираа против планираната изградба на хотел, голем супермаркет и кафуле веднаш до станбена зграда, пишува „Н1 Србија“.
Blok 4 dokle bre ???? pic.twitter.com/o0keHRNv38
— Nemiposmatrač 🇷🇸🇧🇷🇺🇲 (@mavkoo) April 8, 2025
На протестот, според написите, интервенира и полицијата.
На снимката се гледа како полицијата приведува маж, според написите, најверојатно еден од учесниците на протестот. Но, додека полицајците се расправале со насобраните граѓани кои протестираат, истиот човек излегол од полициското возило од другата врата.
Потоа мажот повторно се обратил до полицијата додека ја проверувале личната карта на друг учесник на протестот, но тие не ни забележале дека се работи за истиот човек, пренесува медиумот.
Свет
Во Швајцарија откриен првиот случај на нов вид мајмунски сипаници

Швајцарија го пријави својот прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница, Clade 1b, а поединецот е изолиран, соопшти денеска Федералниот институт за јавно здравје.
Официјалните лица објавија дека заразеното лице е патник што се враќал од Африка и дека нема опасност од ширење на инфекцијата во околната заедница, објави „Свисинфо“.
Светската здравствена организација објави дека Clade 1b е позаразна и поопасна од претходните варијанти на мајмунска сипаница.
Во средината на август минатата година Светската здравствена организација прогласи вонредна состојба за јавно здравје од меѓународно значење поради појавата на мајмуни сипаници, а на крајот на февруари организацијата одлучи да ја задржи меѓународната здравствена вонредна состојба.
Напорите за спречување на епидемијата се отежнати од борбите во источниот дел на Конго, каде што новата варијанта на мајмунска сипаница, Clade 1b, се шири од 2024 година, пренесува „Танјуг“.