Свет
Навални се огласи првпат по преместувањето на северот на Урал, се чувствува добро
Осудениот руски опозициски лидер Алексеј Навални изјави дека пристигнал во затворот лоциран во Арктичкиот круг, на северот на Урал, и дека се чувствува добро.
Тоа беше објавено на платформата Х („Твитер“) по повеќе од две недели откако ништо не се знаеше за него, објави „Ројтерс“. Тој рече и дека го посетил адвокат.
1/9 I am your new Santa Claus.
Well, I now have a sheepskin coat, an ushanka hat (a fur hat with ear-covering flaps), and soon I will get valenki (a traditional Russian winter footwear). I have grown a beard for the 20 days of my transportation.
— Alexey Navalny (@navalny) December 26, 2023
Неговите соработници биле загрижени затоа што тој не бил на списокот на затвореници во Владимирската област, 300 километри источно од Москва, каде што првично издржувал 30-годишна затворска казна.
Харпа, каде што Навални ја издржува казната, се наоѓа на 1.900 километри од Москва.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Асанж пристигна во Австралија: емотивна средба со сопругата и неговиот татко
Џулијан Асанж, кој од денеска и официјално е слободен човек, се врати во Австралија, а најемотивната средба ја имаше со сопругата Стела.
Julian Assange greets his supporters at the fence and kisses his wife after touching down a free man #auspol pic.twitter.com/HQ4JbyWKvH
— Sarah Basford Canales (@sbasfordcanales) June 26, 2024
Откако авионот слета на аеродромот во Канбера, Асанж излегол од авионот, а го пречекале бројни новинари и поддржувачи кои аплаудирале и скандирале за него.
Камерите го снимиле моментот кога Асанж ја прегрнал сопругата, ја кренал од земја и ја бакнал, а потоа го прегрнал и татко си.
Свет
Кремљ се огласи за Асанж: Сите го добија тоа што го сакаа
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека секој го добил она што го сакал кога станува збор за признавањето на вината и ослободувањето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.
– Овде зборуваме за судски договор. Како што разбрав, секој го доби она што го сака. Нема што да се додаде, ништо да се коментира – изјави Песков на новинарите.
Асанж беше формално ослободен пред американскиот суд на Маријанските Острови, откако се изјасни за виновен по едното обвинение за кршење на Законот за шпионажа според договорот со американското Министерство за правда.
Основачот на „Викиликс“ потоа отпатува во родната Австралија.
Регион
Најмалку едно лице е убиено во масовна тепачка во затвор во Грција
Во најголемиот затвор во Грција, Коридалос, дошло до тепачка меѓу осуденици, во која животот наводно го загубил најмалку едно лице, а има и повредени.
Како што пишуваат грчките медиуми, дошло до тепачка меѓу затвореници од Албанија, кои се сместени во 4-то одделение, каде се сместени претежно осудените за најтешки кривични дела.
Во овој момент не се знае како дошло до тепачката ниту кој е убиен.
Според неофицијални информации, едно лице е избодено со нож.