Македонија
Тасевски не е приведен, туку извршен е службен разговор во полициска станица, велат од МВР

Министерството за внатрешни работи реагира во врска со медиумските написи и соопштува дека со Александар Тасевски, претседател на Синдикатот во М-НАВ, бил извршен службен разговор, како што тоа е случај кога постои пријава, и дека не е лишен од слобода. Истакнуваат и дека ќе биде поднесена соодвеетна пријава до Обвинителството.
„Во врска со дезинформациите што се пласираат во одредени портали во врска со извршениот службен разговор со А. Т., вработен во М-НАВ, ја информираме јавноста дека Министерството за внатрешни работи постапува како и секогаш во согласност со законските обврски“, велат од МВР и додаваат:
„Секогаш кога ќе биде поднесена пријава од граѓанин за заканување или заплашување, МВР го поканува лицето против кое е поднесена пријава за да се изврши службен разговор. Тоа е направено и во конкретниот случај. По добиената пријава од Ф. Х. и Д. Х., раководни лица во М-НАВ за испратени закани по имејл од страна на А. Т., извршена е консултација со јавен обвинител по што е направен записник за примање пријава“, додаваат од МВР.
Како што дополнуваат од таму, на 3 јануари 2024 со покана е повикан А. Т. и со него е извршен службен разговор.
„Напоменуваме дека лицето не е лишено од слобода, туку е извршен службен разговор со цел расчистување на случајот. По документирање на случајот, до ОЈО ќе биде доставен соодветен поднесок за нивно натамошно постапување“, завршуваат од МВР.
Вчера, медиумите објавија дека претседателот на Синдикатот на контролорите на летање, Александар Тасевски, беше пријавен во полиција од страна на двајца директори во компанијата.
Причината била што наводно почувствувале дека безбедноста им е загрозена. Доказ приложиле преписка преку имејл за која Тасевски тврди дека била извадена од контекст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Судијата за врски на Франција за балканскиот регион во посета на Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, на средба за претставување на новоназначениот судија за врски на Република Франција за регионот Сирил Лакомб.
Тој е еден од вкупно 20 судии за врски на Франција во светот, а од државниот обвинител Коцевски се информираше директно за состојбите во обвинителството. Притоа, судијата за врски Лакомб понуди поддршка со оперативна и техничка помош, но и експертиза преку француските правосудни органи.
Бидејќи и самиот бил јавен обвинител и лице за врски на Република Франција со Европравда, Лакомб се интересираше и за постапката за делегирање на обвинителот за врски на Република Северна Македонија во оваа меѓународна институција.
Јавниот обвинител Коцевски, од своја страна, изрази благодарност за континуираната француска поддршка за работата на Јавното обвинителство.