Регион
(Видео) Хуманитарна помош, цвеќиња, колички за бебиња: луѓе крадат што ќе стигнат, шок-снимки од белградска населба
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/01/т-2.jpg)
На социјалните мрежи се појавија снимки од необични кражби. Луѓе крадат кутии со хуманитарна помош, цвеќиња околу зграда, велосипеди, колички за бебиња и сега новогодишни украси.
Имено, еден дечко, кој го шетал своето куче, влегол во влезот на зграда во улицата Војвода Влаховиќ и од ходникот на зградата извадил новогодишна елка и заминал.
View this post on Instagram
Не е јасно која е заднината на ова, но некои веруваат дека се работи за кражба и видеото го ставиле на страниците на „Инстаграм“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Земјотрес го погоди Крит
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/zemjotres2.jpg)
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит.
Земјотресот бил на длабочина од пет километри, а епицентарот на 73 километри од Ираклион.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.
Регион
13-годишно девојче загина од гром на плажа на Халкидики
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/Grcija-1.jpg)
Трагичен настан се случи денеска на Халкидики кога 13-годишно девојче го загуби животот откако го удри гром.
Трагичниот инцидент се случил околу 16:30 часот кога девојчето било на плажата Посеиди, на песокот, а според првите информации полесно е повредена и нејзината мајка.
Времето на Халкидики денеска е лошо со обилни врнежи од дожд, пренесуваат локални медиуми.
Полициската управа Касандра води прелиминарна истрага за инцидентот, пишуваат грчките медиуми.
Регион
Додик: Има ли некој што може да ги тргне бошњачките политичари од погрешен воз
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/dodik-1.jpg)
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека кога ќе се качите во погрешен воз сите постојки се погрешни и праша дали има кој да ги извади бошњачките политичари од тој воз.
„Има ли некој што може да им објасни дека Боно Вокс и „U2“ никогаш повеќе нема да свират бесплатно во Сараево, а CNN ќе го емитува концертот? Дека веста за резолуцијата за Сребреница не е објавена во ниту еден светски медиум. Дека Босна и Херцеговина никому не му е важна, освен луѓето што живеат во неа“, напиша Додик на социјалната мрежа Икс.
Дваесет години, посочува, се обидува да им објасни, а тоа ќе го покаже на претстојната средба во Мостар.