Свет
Ирак: Западот ги зголемува тензиите во регионот и го проширува конфликтот меѓу Израел и Хамас
Советникот на премиерот на Ирак, Фади ал-Шамари, денеска оцени дека Западот го шири конфликтот меѓу Израел и Хамас и ги зголемува тензиите во регионот, јави ирачката државна новинска агенција ИНА.
Коментарите на Ал Шамари дојдоа откако САД и Велика Британија и сојузниците зпочнаа напади од воздух и од море врз воените цели на јеменските бунтовници Хути како одговор на нивните напади врз бродови во Црвеното Море извршени како знак на протест против израелската воена операција во Појасот Газа, пренесува „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Рој оси нападнаа израелски војници во Газа, некои добија по стотици убоди
Израелските одбранбени сили соопштија дека 12 војници биле повредени кога биле нападнати од рој оси во јужниот дел на Појасот Газа.
ИДФ вели дека инцидентот се случил во петокот кога тенк ненамерно удрил во осарник, што ги вознемирило инсектите.
Војниците биле пренесени во медицинскиот центар „Шеба“ во Тел Хашомер, каде што еден е сместен на интензивна нега.
Од болницата велат дека никој не е во опасност.
„Војници со тенк згазнаа на осарник. Осите искасаа 11 војници, кои беа евакуирани за да добијат медицинска помош“, соопшти ИДФ.
Инцидентот во Појасот Газа се случи за време на операција предводена од Јужната бригада во пограничниот регион спроти заедницата Нирим во Израел.
Од Медицинскиот центар „Шеба“ наведуваат дека некои од војниците имале и до сто убодни рани и дека тоа е ситуација со која медицинските работници досега не се соочиле.
Свет
Путин ќе ја посети Кина, ќе се сретне со Шји Џјинпинг
На почетокот на својот петти мандат, рускиот претседател Владимир Путин оваа недела ќе отпатува за Кина во својата прва странска посета.
Се очекува лидерот на Кремљ да пристигне во Пекинг в четврток на покана на кинескиот претседател Шји Џјинпинг и ќе остане до петок, пренесе кинеската државна новинска агенција „Ксинхуа“, а јави германската ДПА.
Изборот на Кина за негова прва дестинација по реизборот во март ги нагласува блиските врски меѓу двете нуклеарни сили и постојаните членки на Советот за безбедност на Обединетите нации.
Откога Москва ја почна својата инвазија на Украина во 2022 година и воведувањето на западните санкции, Русија е во голема мера меѓународно изолирана.
Сепак, Кина не го осуди нападот и зазеде неутрален став.
Свет
Катарскиот премиер: Преговорите за прекин на огнот во Газа се во ќор-сокак
Разговорите за прекинот на огнот во Газа дојдоа во ќор-сокак поради израелските операции во Рафа, изјави денеска катарскиот премиер Шеик Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани.
Израелските операции во Рафа, кои почнаа овој месец, го затворија главниот влез за хуманитарна помош од Египет до Појасот Газа. Хуманитарните организации предупредуваат дека тоа ја влоши и онака лошата ситуација во палестинската енклава.
„Особено во последните недели видовме дека се постигнува моментум, но, за жал, работите не тргнаа во добра насока и сега сме речиси во ќор-сокак. Се разбира, она што се случи со Рафа нè врати назад“, рече шеикот Мохамед на економскиот форум во Доха.
Катарскиот премиер најави дека Доха ќе продолжи да работи на изнаоѓање решение за мир во Газа. Неговата земја е посредник меѓу палестинското милитантно движење Хамас и Израел.
Шеикот Мохамед рече дека главното несогласување меѓу двете страни е ослободувањето на заложниците и прекинот на борбите.
„Едната страна сака да ги прекине борбите и потоа да зборува за заложници, а другата сака заложници и продолжување на војната. Сѐ додека не се најде заеднички јазик меѓу тие две позиции, нема да дојдеме до решение“, изјави катарскиот лидер.