Контакт

Свет

На Украина ѝ требаат уште половина милион регрути, мажите повеќе не сакаат да војуваат

Објавено пред

Контроверзниот предлог-закон за построги правила за мобилизација е повлечен од украинскиот парламент, а новата верзија е подготвена за владина ревизија, изјави министерот за одбрана, Рустем Умеров.

dobivaj vesti na viber

Законот ќе му овозможи на Киев да регрутира повеќе луѓе во време на неговата речиси двегодишна војна против Русија.

Оригиналниот предлог на законот содржеше можност поканите за регрутација да се доставуваат по електронски пат, како и низа строги санкции за оние што нема да го почитуваат.

Илјадници Украинци се пријавија во војска веднаш по руската инвазија на 24 февруари 2022 година. Сепак, речиси две години подоцна многу мажи се обидуваат да ја избегнат војната.

Предлог-законот, кој владата го поднесе на крајот на декември по консултација со армијата, веднаш наиде на критики од јавноста и од политичарите.

Пратениците и аналитичарите рекоа дека некои одредби од законот го прекршуваат Уставот и го зголемуваат ризикот од корупција.

Собраниската комисија за безбедност и одбрана со денови го разгледуваше предлог-законот. Умеров во четвртокот рече дека предлогот е повлечен.

Нацртот мора да помине низ неколку читања, а потоа да биде потпишан од претседателот Володимир Зеленски.

Зеленски минатиот месец рече дека армијата предложила да се мобилизираат 450.000-500.000 дополнителни луѓе.

Началникот на армијата, Валериј Залужни, објасни дека оваа бројка ги зема предвид воените планови и прогнозите за можни загуби.

Воените аналитичари тврдат дека бројката од половина милион луѓе се однесува на период од една година.

Свет

Русија со предупредување: Западот се обидува да предизвика обоени револуции во Централна Азија

Објавено пред

Политиката на САД и нивните сојузници од НАТО и ЕУ може да доведе до обоени револуции во Централна Азија, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Михаил Галузин на отворањето на четвртата Централноазиска конференција на меѓународниот клуб за дискусија „Валдај“.

dobivaj vesti na viber

„Соединетите Американски Држави и НАТО се обидуваат да ги вклучат земјите од Централна Азија во таканаречените партнерски програми и обуки, тие не престануваат да навлегуваат на териториите на регионот во рамките на заедничките вежби, како и од распоредувањето на инфраструктурата во нив. Гледаме и дека во Вашингтон и Брисел играат нефер игра за да ја решат главната задача – да добијат пристап до базата на ресурси на регионот и контрола врз транспортните артерии лоцирани до него, како и врз користењето на водата. Тргнуваме од фактот дека по постигнувањето на овие цели, владите на земјите од Централна Азија ќе престанат да бидат придружници на Западот, па, соодветно, и опасноста од обоени револуции, кои, како што е познато, Западот нашироко ги практикува, ќе се манифестира нашироко“, објасни Галузин.

Во тој поглед, тој истакна дека Русија била и продолжува да биде сигурен партнер на земјите од Централна Азија.

Истовремено, тој оцени дека овие земји се свесни за сите ризици и потенцијални штети од зближувањето со Западот и приклучувањето кон антируските санкции.

„Стратешката пресметка на нашите непријатели е очигледна – тие сакаат да предизвикаат раздор меѓу Русија и земјите од Централна Азија. Очигледно е дека во странство и во Брисел наивно веруваат дека земјите од Централна Азија нема да се спротивстават на западната експанзија“, изјави дипломатот, пренесува Спутник.

Прикажи повеќе...

Европа

Блинкен пристигна во ненадејна посета на Зеленски, а со него и дел од американскиот пакет помош

Објавено пред

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Киев објави дека дел од новиот пакет помош од САД веќе пристигнал во Украина и дека наскоро се очекува да пристигнат уште пратки.

dobivaj vesti na viber

Блинкен ова го изјави на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев, каде претходно денеска пристигна во ненајавена посета.

„Помошта ќе направи вистинска разлика во тековната борба против руската агресија на бојното поле“, рече тој.

Зеленски ја пофали „клучната“ помош на САД и посочи дека најголемиот дефицит на украинско оружје е противвоздушната одбрана, пренесува Ројтерс. Тој му истакна на Блинкен дека на Украина и се потребни две батерии за противвоздушна одбрана за североисточниот град Харков, кој е цел на руски воздушни напади.

Блинкен ја прави својата четврта посета на Украина од почетокот на војната во 2022 година, а целта на посетата е да го увери Киев дека ја има американската поддршка додека се бори да се одбрани од сè поинтензивните руски напади. Стејт департментот објави дека Блинкен ќе разговара со украинските претставници за „ситуацијата на првата линија, влијанието на новата безбедносна и економска помош на САД, долгорочните безбедносни и други обврски и охрабрувањето на економското закрепнување на Украина“, пренесува АП.

Прикажи повеќе...

Регион

Вархељ во Србија: Денешните одлуки ги обликуваат следните пет години

Објавено пред

Комесарот за соседска политика и проширување на Европската Унија (ЕУ), Оливер Вархељ, по средбата со српскиот премиер Милош Вучевиќ во Белград, најави дека денешните клучни одлуки „ќе ги обликуваат следните пет години“.

dobivaj vesti na viber

Вархељ, кој претходно се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ, на X напиша дека се сретнал со Вучевиќ и со членовите на неговиот кабинет.

„Ова е критична година. Следните пет години ќе се обликуваат врз основа на денешните клучни одлуки. Нема време за губење“, напиша Вархељ.

Тој додаде дека детаљно разговарал за отворените прашања од реформската агенда во владата на Србија, кои треба да бидат финализирани во наредните денови.

„Разговаравме и за планот за раст. Диверзификацијата на гасот е најитното прашање. Тоа има значително влијание врз иднината на енергетската безбедност на Србија“, напиша тој.

До изградбата на гасоводот со Бугарија, кој делумно беше финансиран од ЕУ, Србија се потпираше исклучиво на увоз на гас од Русија.

Овој гасовод беше пуштен во пробна работа во декември 2023 година и Србија преку него ќе купува гас од Азербејџан.

Властите во Србија делумно го оправдаа својот став да не воведуваат санкции кон Русија со нивната зависност од рускиот гас.

На прес-конференцијата по средбата со премиерот на Србија, Оливер Вархељ изрази надеж дека новата влада на Србија ќе го забрза патот на земјата кон Европската Унија, јавува Радио-телевизија на Србија (РТС).

Во владата на Србија беше потпишан договор со кој Европската Унија ќе донира десет милиони евра за втората фаза од програмата „Обновливи извори на енергија – развој на пазарот на биомаса во Србија“.

Проектот ќе им овозможи на топланите во неколку локални самоуправи да се префрлат на користење биомаса како извор на енергија, што на нивните граѓани ќе им донесе сигурно снабдување и поздрава животна средина.

Вархељ, како што е најавено, во вторник ќе разговара и со министерот за надворешни работи, Марко Ѓуриќ, и со министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

„Вреди“: Од 7 отворени гласачки кутии, во 4 се откриени неправилности, ДУИ ќе одговара за злоупотребите и кршењето на законите

Koалицијата „Вреди“ тврди дека имало прекршувања во шестата изборна единица, аргументирајќи дека вчера со одлуката на Државната изборна комисија уште...

Топ1 час

Почина седумесечно бебе во специјалната болница во Охрид: му бил извршен хируршки зафат, a ден пред тоа било донесено со хематом на главата

Денеска, во раните утрински часови, во СВР Охрид било пријавено дека во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, по извршен...

Топ2 часа

Автомобили се судрија во Чаир, настрада пешак – жената што се нашла на улицата тешко повредена

Вчера, на улицата Ферид Бајрам во скоската населба Чаир, се судрија два автомобила, при што удрена е и жена пешак. Од...

Македонија3 часа

Грчкиот министер за надворешни работи: Грција не моли, бараме спроведување на договорот од Преспа

Зборувајќи за прашањето за односите меѓу Грција и Северна Македонија, министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис во разговор за ЕРТ...

Свет5 часа

Бајден потпиша закон: забранет увозот на збогатен ураниум од Русија

Американскиот претседател Џозеф Бајден потпиша закон со кој се забранува увоз на збогатен ураниум или нуклеарно гориво за производство на...

Македонија5 часа

Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор: порастот на националистичкиот популизам од двете страни оценет како лицемерен и опасен

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас телефонски разговарал со поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев за најновите политички случувања во...

Свет5 часа

Нов напад на Белгород; Русите: Уништени се куќи, има загинати

Еден далновод и повеќе од дваесетина куќи беа оштетени во најновиот украински воздушен напад врз градот Белгород, а руските воздушни...

Свет5 часа

САД и Австралија претставија огромни подводни дронови: „Ова е иднината на војувањето“

Ghost Shark и Manta Ray се имињата на прототипите на беспилотни подводни возила, UUV или беспилотни летала, неодамна претставени од...

Македонија18 часа

Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор

„ВД Премиерот Талат од Форино дал насоки за нов напад од некаков си секретар на Владата, кој подеднакво не знае...

Македонија19 часа

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

ЈП Паркови и зеленило преку писмено соопштение се огласи во врска со прашањето дали имаат склучено договор со Владата за...

Топ20 часа

Почина 14-годишно момче во Битолско: му се слошило и паднало

Вчера во 16.45 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 15.30 часот во атар на...

Економија23 часа

Од полноќ намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе oдлука со...

Македонија24 часа

Давкова официјално ќе го применува уставното име, а во јавните настапи има право да каже Македонија како чин на самоопределување, велат од нејзиниот кабинет

Во своите јавни настапи македонската претседателка има право да го употребува името Македонија како чин на лично право на самоопределување...

Македонија24 часа

Во важечкиот Изборен законик стои Македонија во делот на свечената изјава – Каракамишева вели дека Силјановска го кажала она што било напишано

Во важечкиот Изборен законик, со прочистен текст во март оваа година, во делот на свечената изјава стои Македонија, а не...

Свет1 ден

Украина: Непријателот постигнува тактички успеси

Украинската армијa призна дека руските сили напредуваат во нивната офанзива во североисточниот дел на регионот Харков. Руските сили се обидуваат...

Македонија1 ден

Бугарскиот претседател и премиерот: Не прифаќаме изјави од Северна Македонија што се во спротивност со меѓународните договори

Бугарија не прифаќа изјави и однесувања што се во спротивност со договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година,...

Македонија1 ден

МНР повика на внимателност од државните функционери: Со Грција развивме политички дијалог на високо ниво

Министерството за надворешни работи објави дека ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на уставните одредби, како и...

Македонија1 ден

Мицотакис до Силјановска: Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го изрази грчкото неодобрување на ставот и постапките на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова, која се заколна...

Свет1 ден

Путин го смени долгогодишниот министер за обрана Сергеј Шојгу со малку познат политичар, Андреј Белоусов, чија специјалност се економски прашања

Рускиот претседател Владимир Путин предложи нов министер за одбрана на функцијата која од 2012 година ја извршуваше Сергеј Шојгу. Кремљ...

Свет1 ден

Пукање за време на прослава во Алабама во толпа од речиси 1.000 луѓе, тројца убиени и 15 ранети

Три лица загинаа, а 15 се ранети откако маж отвори оган врз толпа од околу 1.000 луѓе за време на...