Македонија
МВР со апел: Попова Шапка и Маврово се преполни, заклучувајте ги возилата и не оставајте вредни предмети на седиштата

На зимско-туристичките центри Маврово и Попова Шапка, осебено за викендите, зголемен е бројот на гостите и посетителите, а кои најчесто пристигнуваат со свои возила.
Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш апелира до сопствениците на возилата задолжително да ги заклучуваат и на седиштата да не оставаат вредни предмети, чанти, паричници, мобилни телефони, лаптопи, очила за сонце и друго зашто ваквите предмети се цел за крадци, кои со оштетување на стаклата стигнуваат до целта.
На возачите им се советува исто така задолжително да поседуваат зимска опрема, што претставува и нивна законска обврска до 15 март годинава. Покрај тоа, им се укажува и на потребата да не ги оставаат возилата каде што ќе стигнат и на тој начин да го попречуваат нормалното и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот, туку исклучиво на наменски определените локации во овие два центра. Секторот за внатрешни работи Тетово и со апел сопствениците на возилата да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници, кои секојдневно го регулираат сообраќајот на овие дестинации, со цел да се избегнат, односно превенираат можни поголеми мешаници со несакани последици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Судијата за врски на Франција за балканскиот регион во посета на Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, на средба за претставување на новоназначениот судија за врски на Република Франција за регионот Сирил Лакомб.
Тој е еден од вкупно 20 судии за врски на Франција во светот, а од државниот обвинител Коцевски се информираше директно за состојбите во обвинителството. Притоа, судијата за врски Лакомб понуди поддршка со оперативна и техничка помош, но и експертиза преку француските правосудни органи.
Бидејќи и самиот бил јавен обвинител и лице за врски на Република Франција со Европравда, Лакомб се интересираше и за постапката за делегирање на обвинителот за врски на Република Северна Македонија во оваа меѓународна институција.
Јавниот обвинител Коцевски, од своја страна, изрази благодарност за континуираната француска поддршка за работата на Јавното обвинителство.