Македонија
Уставниот суд поведе постапка за урбанистички планови во Маврово

Уставните судии на денешната седница дискутираа по два предмети по поднесени иницијативи за оценување на уставност и законитост.
Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлука за усвојување на урбанистички план за село Маврово со детална разработка на дел од Урбан блок 5 и дел од урбан блок 7 објавен во службен гласник за општина Маврово и Ростуше донесена на ден 26.02.2015 година.
Како што е наведеново соопштението од Уставниот суд, Одлуката за усвојување на урбанистички план за село Леуново, Никофорово и Анови објавена е во службен гласник за општина Маврово и Ростуше на ден 19.07.2001 година.
Судот во оваа фаза од постапката меѓу другото изрази сомнеж дека Одлуката за усвојување на урбанистички план за село Леуново, Никифорово и Анови објавена во 2001 година во моментот на донесувањето ја немало потребната согласност од надлежниот орган, односно од Министерството за транспорт туку е прибавена три месеци подоцна.
Во однос на Одлуката за усвојување на урбанистички план за село Маврово донесена во 2015 година, Судот исто така изрази сомнеж дали мислењата кои се прибавени од надлежните органи се во согласност со Законот за градење, Законот за заштита на води и Законот за заштита на природата кои тогаш биле во важност.
Судот ја отфрли иницијативата за испитување на уставност и законитост на Одлуката за отстапување со стопанисување на водоводот од кој се снабдува хотел „Радика“ во Леуново донесена во 2019 година бидејќи нема надлежност за постапување, односно поради фактот дека оваа Одлука има карактер на поединечен, конкретен акт во кој се утврдени меѓусебните права и обврски меѓу давателот и корисникот на услугите и не уредува односи на субјектите во правото на општ начин и на неопределен број на субјекти во правото.
Од Уставниот суд напоменуваат дека ова се дел од аргументите поради кои Судот ги донесе конкретните одлуки и решение, кои во понатамошната фаза на постапката ќе бидат разгледани и ќе се постапува со донесување на конечна одлука.
Беше отфрлена иницијативата за оценување на член 4 став 3 од Тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работа на извршителите бр.21-648/7 од 07.02.2019 година, поради тоа што веќе одлучувал по однос на покренатото правно прашање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем

Државната изборна комисија извести дека денес навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем.
На Локалните избори 2025 во Северна Македонија право на глас имаат 1.832.415 граѓани.
Се гласа за вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.
Гласањето на локалните избори започна во 7:00 часот и ќе трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа.
Македонија
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне намалување на облачноста

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Во западните планински региони ќе има услови за слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб, долж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.