Свет
Ја убил сопругата во Германија, ги скрил деловите од телото
Вчера, во судот во Ахен почна судењето на 41-годишниот Манфред Г., кој е осомничен дека ја убил својата сопруга во куќа во Гилрат во 2016 година.
Случајот се сметаше за затворен сѐ додека телото на убиената Дороти, која за време на убиството имала 29 години, не беше пронајдено во август минатата година. Телото било пронајдено во новата куќа во која живеел 41-годишникот со синот и новата партнерка. Во судот беше кажано дека 41-годишникот ги зел со себе остатоците од телото кога се иселил од старата куќа и се вселил во нова куќа, пренесува „Феникс магазин“.
Како што пренесуваат германските медиуми, Дороти исчезнала на 8 октомври 2016 година. Во тоа време таа живеела со сопругот и синот во малиот град Систерзел. На тој ден, како што соопштија од Државното правобранителство, младата жена разговарала со своето ново момче. Дороти сакала да се разведе од сопругот. Таа сакала да се пресели во јужна Германија со новата љубов и својот син.
Сопругот на Дороти самиот отишол во полиција во октомври 2016 година и пријавил дека неговата сопруга исчезнала. Според информациите на истражителот, Манфред Г. изјавил дека се скарал со сопругата по што таа, едноставно, побегнала.
Полицијата веднаш почнала голема акција за пребарување. Тие пребарувале шумски површини и езера. Но, стотици полицајци, нуркачи, кучиња и експерти со најнова форензичка технологија не нашле никаква трага од Дороти.
Од самиот почеток одделот за убиства се сомневаше во верзијата на приказната на сопругот. Систерзел е мал град со 1.600 жители, но во градот има камери. Полицијата ја прегледала снимката, но никој не бил на улица на 18 октомври 2016 година.
Полицијата се посомневала дека жената починала во куќата. Инспекторите се посомневале во сопругот. „Тоа беше многу незадоволителна ситуација за сите нас. Знаевме кој е сторителот, но не можевме да го уапсиме. Неколкупати ја пребаравме куќата во Систерзел, го испрашувавме сопругот, но безуспешно“, изјави истражителот.
Инспекторите успеаја да направат пробив во случајот „Дороти“ дури минатиот август. Во шупата на куќата во Гејленкирхен-Гилрат во областа Хајнсберг, каде што сега живее Манфред Г. со својот син и новата партнерка, полицијата пронашла торба со делови од телото. Сопругот е уапсен.
Државното правобранителство претпоставува дека мажот од љубомора ја убил жената.
Судот во Ахен на 15 март ќе ја објави пресудата за случајот „Дороти“. Манфред Г. би можел да добие доживотен затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Приватен авион се урна во Северна Каролина, повеќе загинати
Повеќе луѓе загинаа откако приватен авион Цесна С550 поврзан со возачот на НАСКАР, Грег Бифл, се урна во близина на пистата во Северна Каролина и се запали, објави „Дејли меил“.
Breaking: Multiple deaths after a plane crash at Statesville Regional Airport in North Carolina. WSOC, a local news channel, reports that NASCAR driver Greg Biffle owns the plane, although it is unclear if he was on board. pic.twitter.com/nzZMhSg1Tm
— PM Breaking News (@PMBreakingNews) December 18, 2025
Несреќата се случила околу 10:15 часот по локално време кога авионот се урна во близина на пистата на регионалниот аеродром Стејтсвил. Снимките од местото на настанот покажаа густ црн чад како се издига од остатоците од авионот, кој беше целосно зафатен од пламен.
Канцеларијата на шерифот на округот Иредел потврди дека повеќе лица загинале во несреќата, но не даде точен број. Тие рекоа дека повеќе информации за жртвите ќе објави полицијата на Северна Каролина. Сè уште не е познато колку луѓе биле во авионот, кој вообичаено има капацитет од осум до десет патници.
Регион
(Видео) Хаос и туркање во албанскиот парламент: драматични сцени во Тирана
Во албанскиот парламент денес избувна хаос кога пратениците од опозицијата запалија факели и фрлаа вода за време на седницата, а сето тоа поради спор околу корупцијата во владата, објави The Telegraph.
Драматични сцени од Тирана покажуваат како чад се шири низ салата додека пратениците се туркаат, а безбедносните сили се обидуваат да воспостават ред. Инцидентот е кулминација на неколкунеделните тензии во кои опозицијата ја обвини владата дека ги игнорира барањата за истрага за корупциските скандали што ја потресоа земјата.
🚨🇦🇱🔥‼️ BREAKING | FLARES IN PARLIAMENT: ALBANIA’S DEMOCRACY COLLAPSES LIVE ON CAMERA 🚨
What you are seeing is not a protest.
It is not “political theatre.”
It is a full institutional breakdown.Inside the Albanian Parliament, opposition MPs ignited flares, physically blocked… pic.twitter.com/OQvVXgGP1d
— Slavic Networks (@SlavicNetworks) December 18, 2025
Корупцијата е клучно политичко и социјално прашање во Албанија со години, а меѓународните институции и организации редовно предупредуваат за проблеми во судството, јавната администрација и системот за јавни набавки. И покрај реформите што официјално се започнати, особено во судството со поддршка на Европската Унија и САД, перцепцијата за широко распространета корупција останува силна кај јавноста.
Случаите во кои се вклучени високи државни функционери, градоначалници и луѓе блиски до владејачките структури привлекоа особено внимание, дополнително поткопувајќи ја довербата на граѓаните во институциите и политичкиот систем.
Европа
(Видео) Украинските дронови уништија „неуништливи“ руски С-400
Украинските оператори на беспилотни летала уништија два руски ракетни системи С-400 Триумф заедно со нивната муниција во рускиот регион Белгород, потврди украинскиот Генералштаб. Нападот, кој се случи на 14 декември, го изврши 15-та одделна артилериска извидничка бригада, а целата операција беше снимена, објави „Евромајдан прес“.
Ваквите напади се дел од пошироката украинска стратегија за ослабување на руската воздушна одбрана, како на руска територија, така и на окупираните територии. Системот С-400 Триумф, модернизиран наследник на советскиот С-300, е клучна компонента на слоевитата мрежа за воздушна одбрана на Русија. Русија повремено го користи и за напад на копнени цели, насочувајќи се кон украински градови. Затоа, уништувањето на овие системи се смета за голем губиток за руските сили.
Според извештајот на порталот Militarnyi, лансирните системи С-400 биле уништени додека биле во движење. Објавените снимки прикажуваат руски возила за противвоздушна одбрана како се движат по земјен пат, веројатно за време на промена на борбената позиција.

