Европа
Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција
Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Турција.
Според ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот бил измерен на 53 километри североисточно од градот Баликесир и 13 километри југоисточно од областа Гонен.
Епицентарот е измерен на длабочина од 13 километри.
Засега нема информации за повредени лица и материјална штета.
„Се тресеше десет секунди“, „Навистина се тресеше“, „Имам чувство дека беше посилно од 4,8 степени“, ги споделија граѓаните своите впечатоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украинците убиле и раниле 20-тина Руси со дрон камиказа
Околу дваесет руски војници се убиени или ранети во напад со дрон камиказа врз логистички центар и складиште за оружје во окупираниот град Соловјов во Доњецк, објави германскиот новинар Јулијан Ропке.
#NewsMap
Around 20 Russian troops were either killed or wounded in a Ukrainian kamikaze drone attack on a logistics center (local HQ / weapons depot / field hospital) in occupied #Solovyove, Donetsk oblast. pic.twitter.com/4gSwWeHAEF— Julian Röpcke🇺🇦 (@JulianRoepcke) May 13, 2024
На северот на Украина се водат жестоки битки по ненадејниот руски упад кој започна во петокот. Оттогаш, повеќе од 6.000 луѓе се евакуирани од регионот на Харков. Украина веќе некое време ја очекува руската летна офанзива. Едно од сценаријата е можен обид за заземање на Харков, вториот по големина град во Украина.
Според Москва, руските сили досега зазеле девет села во близина на границата. Повеќето од нападите се насочени кон градот Вовчанск, чиј пад значително ќе го олесни натамошното продирање на руските сили во североисточниот дел на Украина.
Украина го разреши командантот одговорен за Харков. Донесена е одлука на таа функција да биде именуван бригадниот генерал Михајло Драпати.
Европа
Српскиот премиер: Отворени сме за пријателски разговори со Украина за сите прашања
Србија останува посветена на почитувањето на меѓународното право и територијалниот интегритет на секоја членка на ОН, вклучително и Украина, и е отворена за пријателски разговори за сите прашања и на сите нивоа, изјавија денеска српските власти на шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба.
Украинскиот министер е во посета на Србија со Олена Зеленска, сопругата на претседателот на Украина, која учествува на меѓународна средба за ментално здравје.
I met with Serbia's Prime Minister @Milos_Vucevic and expressed gratitude for Serbia's humanitarian assistance to Ukraine.
We discussed ways to expand bilateral trade and return it to pre-war levels.
In this context, we agreed to hold the first meeting of the Intergovernmental… pic.twitter.com/OHhL2r7KHV
— Dmytro Kuleba (@DmytroKuleba) May 13, 2024
Агенцијата АП објави дека за време на неговата прва посета на Србија од почетокот на руската агресија во Украина во 2022 година, Кулеба се сретнал со претседателот Александар Вучиќ и со новиот српски премиер Милош Вучевиќ, во чија влада има неколку проруски министри, вклучително и двајца кои се под американски санкции.
Вучиќ на Инстаграм објави дека српскиот амбасадор за краток период ќе се врати на својата должност во Киев. Тој изјави дека со Кулеба е „разговарано и договорено“ за подобрување на билатералните односи, особено со желба наскоро да се организира економски форум на бизнисмени од двете земји.
„Разговаравме и за европскиот пат на двете земји и за итната потреба од воспоставување мир“, најави Вучиќ, додавајќи дека на Кулеба „исто така му укажал на проблемите со кои се соочува Србија, пред се на меѓународен план“.
По разговорот меѓу новиот српски премиер Вучевиќ со украинскиот министер за надворешни работи, владата соопшти дека тој на гостинот од Киев му рекол дека „Србија е посветена на почитување на меѓународното право и територијалниот интегритет на секоја земја-членка на ОН, вклучително и Украина“.
„Отворени сме за пријателски разговори за сите прашања и на сите нивоа“, рече Вучевиќ и, според владиното соопштение, му се заблагодарил на соговорникот за укажувањето на хуманитарната помош што Србија му ја испрати на украинскиот народ.
Посетата на Кулеба и Зеленска, кои денеска ја обиколија српската престолнина со сопругата на Вучиќ, Тамара, наиде на критики од Москва, јави АП, повикувајќи се на оценката на руската агенција РИА Новости, која објави коментари како „срамно“, наводно испратени од читателите на руските државни медиуми.
Американската агенција наведува дека, „очигледно, во обид да се поправи штетата“, набргу по разговорот со Кулеба, српскиот премиер Вучевиќ треба да се сретне и со рускиот амбасадор во Белград за време на планираната посета на складиште со руски гас увезен од Србија.
Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, претходно денеска се сретна со рускиот амбасадор Александар Боцан-Харченко, при што разговарале, како што соопштија од нејзиниот кабинет, „за можните форми на парламентарна соработка меѓу двете земји“, пред се „за воспоставување на парламентарна група за пријателство со Русија“.
Европа
Пит бул искасал двегодишно девојче: лекарите се борат за неговиот живот во Милано
Двегодишно девојче и тетка му (25) се тешко повредени кога пит бул ги нападнал во стан во Милано.
Во моментот на нападот девојчето си играло со својата сестра близначка кога кучето ненадејно го нападнало. Тетката, која ги чувала, скокнала меѓу детето и животното, но и самата добила тешки повреди.
Тетката ги спасила децата од сигурна смрт така што ги ставила во собата и ја затворила вратата, а потоа толку тешко повредена излегла на терасата и се качила на олукот за животното да не може повторно да стигне до неа.
Набргу на самото место пристигнале полициски екипи, но во моментот кога влегле во станот, кучето било мирно и се однесувало како ништо да не се случило пред неколку минути.
Полицајците го врзале животното и се погрижиле повеќе да не нападне никого, а потоа медицинските екипи го згрижиле детето, кое со хеликоптер било пренесено во болница и чиј живот е во опасност. Другото девојче не е повредено, а тетката од олукот ја симнале пожарникарите. Таа исто така била пренесена во болница со многу сериозни повреди на рацете.