Спорт
Роналдо откри кој му бил најтешкиот ривал

Роналдо Назарио, легендарниот бразилски напаѓач, во интервју за „Дејли Меил“ ги избра најдобрите 11 во историјата на фудбалот и одговори на пет прашања за денешниот фудбал и неговата кариера.
Кој ќе го освои ЕУРО 2024?
Хм… Хм… Мислам дека Шпанија ќе го направи тоа.
Кој е најдобриот дефанзивец против кој сте играле?
Паоло Малдини.
Најдобриот напаѓач на светот?
Килијан Мбапе.
Лионел Меси или Кристијано Роналдо?
Меси.
Кој ќе ја освои Премиер лигата?
Манчестер Сити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) И технологијата знае да погреши – Зверев во жестока расправија со судијата

Александар Зверев извојува тешка победа над Александар Давидович Фокина, но една одлука во финишот на вториот сет можеше да го смени текот на мечот.
Спорната ситуацијата се случи на 5:4 за Зверев во вториот сет, кога Шпанецот сервираше за израмнување и во првиот поен ја испрати топката во аут. Сите видоа дека топчето заврши надвор од теренот, но „хокај“ системот не се огласи.
Системот рече дека топката е добра и го додели поенот на Фокина, а Зверев беше бесен бидејќи јасно можеше да ја види трагата на земјената подлога.
Тој се обиде да му го објасни ова на главниот судија Мохамад Лајани, но тој, поради новите правила, можеше само да му каже дека не смее да слезе од столчето и да погледне каде паднало топчето.
Овие правила важат од оваа сезона, бидејќи е воведено автоматско следење на линиите на сите турнири и подлоги на АТП ниво.
„Ве молам, ве преколнувам, слезете долу и погледнете. Ве молам да ја промените вашата одлука, само дојдете и погледнете – за мене, ве молам“, му рече Зверев на судијата, но Лајани остана да седи во столчето.
Clay court tennis always delivers 📸😳#MMOpen pic.twitter.com/OqV8SAteyr
— Tennis TV (@TennisTV) April 27, 2025
Поради ова, во очај, Зверев го зеде телефонот и реши да ја фотографира трагата, а по натпреварот ја објави сликата на социјалните мрежи.
Спорт
(Видео) Манчестер сити ќе се бори за трофејот во ФА купот

Фудбалерите на Манчестер сити вечерва се пласираа во финалето на ФА Купот откако на „Вембли“ го совладаа Нотингем Форест со 2:0.
Лошата сезона на Сити сепак би можела да заврши со барем еден освоен трофеј, бидејќи момците на Пеп Гвардиола ја оправдаа својата улога на фаворити против „шумарите“ кои 34 години чекаат на трофеј во англискиот фудбал.
„Граѓаните“ го започнаа натпреварот на идеален начин со оглед на тоа што поведоа во втората минута, убава тимска акција по додавањето од Ковачиќ ја круниса Рико Луис.
Второто полувреме започна со непрецизен шут на Еланга, веднаш потоа се истакна голманот на Нотингем, Силс, кој успеа да го одбрани ударот на Луис, а Белгиецот повторно забележа одбрана по ударот на Ковачиќ.
Сепак, Нотингем не беше во можност да го запре налетот на Сити, кој во 51. минута ја зголеми предноста преку Јошко Гвардиол.
Сити 14.пат ќе игра во финалето и ќе се обиде да го освои осмиот трофеј во ФА купот. Во финалето противник на „граѓаните“ ќе им биде Кристал Палас.
Спорт
(Видео) Ливерпул со „петарда“ ја обезбеди шампионската титула

Фудбалерите на Ливерпул во 34.коло и математички ја обезбедија 20.титула во Премиер лигата. На вечната листа Ливерпул се изедначи со Манчестер јунајтед. Ливерпул го победи Тотенхем со 5:1 и на четири кола до крајот на сезоната стекна недостижни 15 поени предност во однос на Арсенал.
Попладнево на „Енфилд“, Тотенхем водеше од 12.минута со голот на Соланке, а потоа се случи дебакл.
Четири минути подцна изедначи Луис Дијаз, Мекалистер во 24. погоди за 2:1, а Гакпо во 34.минута го постигна третиот гол.
Во второто полувреме, најдориот играч и стрелец на Ливерпул, Мохамед Салах, постигна гол во 63.минута, а пет минути подоцна Удоги со авто гол го постави конечниот резултат.