Регион
Ердоган издаде декрет за затворање 2.341 институции
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган издаде декрет за затворање на 2.341 институција, меѓу кои се образовни и добротворни организации, синдикати и медицински центри, по минатонеделниот неуспешен обид за воен преврат во Труција, извести во саботата новинската агенција Anadolu.
Декретот објавен во службениот весник, кој според турските медиуми, е првиот кој е донесен во согласност со овластувањата во текот на вонредната состојба, исто така, го продолжува временскиот период кој лицата можат да го минат во притвор на 30 дена.
Сите институции кои ќе бидат затворени се поврзани со движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен кој од 1999 година живее во егзил во САД, а владата го обвинува за создавањето „паралелни структури“ во државата и за неуспешниот обид за пуч и бара од Вашингтон да ги екстрадира. Ѓулен негира секаква поврзаност со воениот удар, а САД бараат од Турција да достави „релевантни докази“ за да го разгледа нејзиното барање за предавање.
Декретот сега ќе се најде во парламентот во кој доминира Партијата на правдата и развојот (AKP) на Ердоган. Парламентот го контролира спроведувањето на таквите одлуки кои се усвоени во рамките на вонредната состојба прогласена во четвртокот вечерта.
Во Турција досега се суспендирани 37.500 јавни службеници и полициски офицери по обидот за пуч, а меѓу нив се илјадници службеници во министерството за образование, и ги укина лиценците за 21.000 учители. Министерството за образовани соопшти дека очекува затворање на најмалку 600 училишта.
Бројот на притворените надмина 10.000 луѓе, а меѓу нив се повеќе од 7.000 припадници на вооружените сили, вклучително и најмалку 120 генерали и адмирали. Поништени се околу 11.000 пасоши во потегот со цел да се спречи бегството на лицата кои може да се поврзани со обидот за преврат./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

